Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Оперативен лизинг од Порше Македонија
22.05.2009
porche-mkd-leasing-logo-1.jpgПорше Македонија и Порше Лизинг стартуваат со нова лизинг програма за купување на возилата од програмата на Volkswagen, Audi и Skoda единствена од ваков тип на македонскиот автомобилски пазар.

Се работи за нов финансиски инструмент кој подразбира одобрување на оперативен лизинг за физички лица. Главни предности на „Антистрес оперативниот лизинг” е во тоа што е исклучително едноставен и флексибилен.

Клучна  разлика во однос на финансискиот лизинг е што купувачите можат да го прекинат лизингот, можат да го надградат со ново возило, а правните лица имаат дополнителна можност месечните рати да ги книжат како трошок.

Имајќи ја во предвид постоечката понудата на лизинг производите на пазарот во Македонија и нивната неусогласеност со потребите на клиентите, а согласно искуствата од западните земји дојдовме до заклучок дека сега е вистинскиот момент за претставување на oперативен лизинг и за физички лица,” изјави директорот на Порше Македонија, Златко Муцунски.

„Целта на оперативниот лизинг за физички лица е и во овие тешки времиња на глобална финансиска криза автомобилите на Volkswagen, Audi и Skoda да ги направиме подостапни до широката популација,” завршува Муцунски.

„Основни карактеристики на оперативниот лизинг се ниските почетни трошоци во форма на гарантен депозит, фиксните месечни рати, немањето потреба од хипотека, како и едноставните и брзи процедури за одобрување (само 24 часа),” вели директорот на Порше Лизинг , Жарко Кржаловски, дополнително објаснувајќи го новиот производ:

Благодарение на однапред договорената остаточна вредност, корисникот на Оперативниот лизинг не ја отплаќа целокупната вредност на автомобилот, туку само разликата помеѓу цената на новото возило  и однапред договорената остаточната вредност на крајот на лизинг периодот.

Фактот дека клиентот не вложува свои пари во финансирање на остаточната вредност на возилотo доведува до многу понизок износ на месечната рата, со што автомобилот станува достапен и за лица со пониски примања.

Времетраењето на договорот за Оперативен лизинг се движи помеѓу 12 и 60 месеци и тоа за сите нови возила од брендовите Volkswagen, Audi и Skoda.

Гарантниот депозит е износ на еднократна уплата на почетокот на финансирањето и може да изнесува од 0-40% од нето вредноста на финансираното возило. Гарантниот депозит ја намалува вкупната вредност на финансирањето, а со самото тоа и износот на месечниот закуп. По истекот на договорот износот на депозитот се враќа на клиентот.

Остаточната вредност е однапред договорена вредност на автомобилот на денот на истекот на договорот и зависи од марката и моделот на возилото, рокот на финансирање, како и договорена годишна километража.

Долгогодишната традиција на Porsche Bank, како специјализирана институција за финансирање, гарантира стручна и праведна процена на остаточната вредност на возилата според реалните услови на пазарот, а Порше Лизинг во соработка со Порше Македонија и нејзините дилери ја превзема обврската за понатамошна продажба на возилата.

Со зголемувањето на остатокот на вредноста (пократок период на финансирање, мал број на поминати километри), како и со уплатата на гарантен депозит, се намалува и износот на месечната закупнина, што овој облик на финансирање го прави многу флексибилен, затоа што на клиентот му се нуди можност висината на месечната закупнина да ја прилагоди на индивидуалните финансиски можности и потреби за користењето на автомобилот.

Дополнителна предност е што трошоците за регистрација и осигурување на возилото можат да се плаќаат на рати и да бидат вклучени во месечната закупнина, а новина е и редовното сервисно одржување на возилото кое исто така може да се финансира на рати.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook