Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Отворен Hyundai центар во Струмица
21.10.2008
hyundai-salon-strumica-1.jpgHyundai, поточно застапникот за Македонија компанијата Korea Auto Trade отвори нов продажен центар во Струмица крунисувајќи го на овој начин повеќе од 10 годишното работење во овој регион.

Целта на новиот продажен центар е подигнување на нивото на услугите и доближување до потребите на клиентите од југоситочниот регион на Македонија.

Новата локација на продажниот центар е на улица Климент Охридски бб каде на површина од 250 квадратни метри потенцијалните купувачи и сите посетители на салонот ќе можат да се доближат до моделите на Hyundai.

Свеченото отворање на новиот продажен центар мина во духот на оган, а за создавање на огнената атмосфера придонесе интересната програма, присуството на голем број гости и специајлниот гостин, легендатата на македонскиот рокенрол Влатко Стефановски кој официјално го отвори центарот на Hyundai и го крунисна со својот настап.

Новиот центар ги запазува стандардите на Hyundai, кои се приоритет на Korea Auto Тrade при развојот на дилерска и сервисна мрежа на Hyundai во Македонија.

Во моментов разгранетата мрежа на Hyundai покрај продажно сервисните центри во Скопје, Битола и Струмица брои уште 8 овластени дистрибутери: Авто Чајка – Тетово и Скопје, Инсајд Ауто – Охрид, Авто Виза – Прилеп, Бест Ауто – Гевгелија, МГ Компани – Кавадарци, Авто Центар – Скопје, АМ Агромедика – Ресен.

Целта на олку разгранетата мрежа е секој сопственик на Hyundai да има поддршка на секој километар од патиштата ширум Македонија и секој сопственик на Hyundai да има ист третман на секаде низ светот.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook