Програмата Tepee
на Peugeot која ги опфаќа патничките изведби на лесните комерцијални
возила на францускиот производител Bipper,
Partner и Expert пристигна на македонскиот пазар.
Сите возила од изведбата Tepee се повеќенаменски
патнички возила со голем багажен простор, комфорни патнички кабини и единствен
дизајн и стил. Со изведбата Tepee,
Peugeot го следи светскиот тренд во производство на удобни и просторни патнички
возила и инвестира во создавањето на широка патничка гама од која секој ќе може
да си го одбере својот миленик.
Целата гама на Tepee се карактеризира со разиграност и динамичност кои на возилата им даваат
единствен и неконвенционален израз. Лесно приспособливите практични автомобили
одговараат и на потребите на најпребирливите патници и за миг се трансформираат
за да ги задоволат потребите и желбите на патниците.
Освен за патниците, изведбата Tepee се
грижи и за животната средина. Серијата економични мотори ги почитуваат строгите
стандарди за емисија на издувни
на гасови.
Преку понудата на трите модели, изведбата
Tepee се осигурува дека ќе привлече огромен број заинтересирани купувачи.
Екстремно компактниот Peugeot Bipper ќе ги привлече оние кои бараат економично
и пристапно, однадвор мало, а однатре големо возило, кое е лесно за маневрирање
и паркирање и совршено се справува со градскиот метеж.
Во желбите на оние кои бараат повеќе простор,
удобност и стабилност совршено ќе се вклопи следниот по големина новиот Peugeot Partner со багажен простор во кој може да се
спакува сé што патниците можат да понесат
кога кинисуваат на викенд или одмор.
За оние кои имаат потреба од уште
поголем простор и функционалност, тука е најголемото возило од изведбата Tepee
е Peugeot Expert, кој удобно превезува 9 патници.
Секој од моделите од изведбата Tepee е
внимателно позициониран во својот сегмент, при што Bipper Tepee се нуди со
почетна цена од 10.310 евра, Partner Tepee од 15.110 евра, додека Expert Tepee стартува од 21.990
евра.
Претходниот модел на Peugeot Partner сé
уште се произведува паралелно со новиот Partner заради нивните различни
карактеристики и багажен простор, што води кон збогатување на гамата на Peugeot
и одговарање на потребите на различните клиенти.
|