Get Adobe Flash player
Peugeot Recontres Roland Garros 2009
07.05.2009
euroimpex-press-1.jpgКако официјален партнер на меѓународниот тениски турнир познатиот Rolland – Garros и со одредба за поддршка на тенисот на глобално ниво Peugeot го формираше Recontres Roland Garros.

Станува збор за аматерски тениски турнир во мешани двојки кој за првпат се одржа во 1996 во Франција. Големиот одзив и успехот што бележи овој турнир го натераа Peugeot да го прошири и во други држави.

Денес турнирот се одржува на три континенти, учество земале преку 40.000 тенисери аматери, а до денес право на организирање стекнале 160 застапници на марката во матичните земји.

Годинава само шест земји се стекнаа со право да го организираат Recontres Roland Garros. Македонија е една од нив. Кај нас благодарение на импортерот на Peugeot, компанијата Euroimpex, Recontres Roland Garros се одржува по трети пат.

Ова само по себе говори за одличниот одзив и успешноста на турнирот, но и за одличната организација спроведена во соработка со Тенискиот клуб АС која котира високо на скалата на Хавас Спорт надлежен за следење на регуларноста на овие турнири.

Тенискиот турнир се одржува викендот на 9. и 10. мај со почеток во 9 часот. Натпреварувањето се одржува во две фази. Првиот ден се играат квалификациите, а вториот ден четвртфинале, полуфунале и финале.

Право на уество имаат сите тенисери аматери на возраст над 18 години. Старосна граница нема. А пријавувањето е до сабота 9. мај до 9 часот. Што значи дека позициите се сеуште отворени.

Победниците добиваат примамлива награда. Патување во Париз и уживање во т.н. VIP третман и посета на тенискиот турнир Roland Garros што веруваме е исполнување на сонот на сите љубители на тенисот.

 

 

 

Facebook