Skenderovski Marine ја освојува
македонската наутичка сцена. Застапник за американската марка Tahoe,
Skenderovski Marine претставува прв сериозен настап на ова поле на домашниот
пазар.
Досега освен срамежливите обиди со сомнителна позадина на
македонските купувачи никогаш не им била понудена комплетен наутички сервис.
Продажба, обука и одржување се трите најбитни фактори за
зачеток на квалитетен наутички сервис каков заслужуваат нашите вљубеници во
наутиката. Токму тука Skenderovski Marine ја прави
разликата.
Иако млада реномираната американска марка Tahoe за брзо
време стана прв избор на наутичарите на секаде. Квалитет, прифатливи цени и
грижа за корисникот е причината зошто пловилата на Tahoe котираат
високо, а марката се наоѓа меѓу најдобрите десет во светот.
Зошто најдоброто во светот да не го добиеме и ние беше
мислата водилка за одговорните во Skenderovski Marine. Така едни од
најдобрите пловила на светот стигнаа и до нашите купувачи.
На презентацијата на Охридското езеро во пријатна
атмосвера и пробни возења заинтересираните странки се уверија во
веродостојноста на тврдењата и во сериозниот пристап на Skenderovski
Marine кога станува збор за нивната понуда.
Стручните лица не оставија неодговорени прашања, а
нивната уверливост е наградена со освојување на доволен број на наутички
поклоници. Околу половина од првиот контигент на пловила е продаден, а според
заинтересираноста и втората половина набрзо ќе ги добие гордите сопственци.
Освен продажба, обука и сервис Skenderovski
Marine нуди и конзервирање и скалдирање на вашето пловило во зимските месеци што
услугата ја крева на рамниште до сега незамисливо на нашиве простори.
Конкретната понуда на Skenderovski
Marine сметаме дека нема потреба да се раскажува бидејќи тие веќе го
направиле тоа.
Технички податоци со максималната дозволена моќност за
пловилата, комплетната сериска и дополнителна опрема, мноштво фотографии и мапа
како да стигнете до нив ќе најдете на нивната интернет страна www.skenderovski.com.mk.
Само да напоменеме дека цените почнуваат од 19.950 евра
додека плафонот завршува со околу 46.000 евра.
И што повеќе освен да ви посакаме пријатно летување зад
кормилото на некој од глисерите на Tahoe.
|