Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
„Понуда по мерка за вашиот бизнис”
09.05.2008
peugeot-procredit-1.jpgВака гласи слоганот на заедничката акција на ProCredit Bank и Euroimpex наменета за бизнисите за набавка на возила од гамата на Peugeot со поволен бизнис кредит.

Денес во просториите на Euroimpex-генералниот узозник на Peugeot за Македонија, претставниците од ProCredit Bank и Euroimpex ја претставија заедничката понуда за кредитирање, специјално креирана по мерка на бизнисите и како што рековме е наменета за набавка на возила од гамата на Peugeot со поволен бизнис кредит.

Оваа соработка, втора од ваков вид, е иницирана начелно поради се позабележливиот пораст на продажбата во сегментот на комерцијални возила во последниве неколку години и секако со цел да се олесни купувањето на комерцијално возило за клиентите од тој сегмент.

Колку за пример во првото тримесечје од годинава е забележан пораст на продажба на комерцијални возила за 68 проценти во однос на истиот период од лани. Во првите три месеци од 2007 во Македонија беа продадени вкупно 343 комерцијални возила, додека годинава првиот квартал заврши со бројка од вкупно 578 продадени возила.

Во рамките на акцијата, која ќе трае до 9 јуни, сите заинтересирани сопственици на бизниси имаат можност да аплицираат за кредит за набавка на комерцијално или друго возило од Peugeot, со само 10% учество и рок на отплата до 7 години и стабилна каматна стапка од 8,2% годишно. Процедурата и исплатата на кредитите е брза и едноставна, а посебна поволност е што за кредитите со сума до 10.000 евра не е потребно каско осигурување. Апликант за кредитот може да биде и физичко лице сопственик на бизнис.

Како составен дел од оваа заедничка акција предвидени се статички презентации на комерцијалната гама на Peugeot сочинета од добро познатите Boxer и Partner, како и Expert - прогласен за комби на годината во Европа за 2008 и новиот најмал член на товарната програма Bipper кој за прв пат се претставува на македонскиот пазар.

Освен во Скопје, кредитните советници од експозитурите на ProCredit Bank, заедно со продажните советници од дилерската мрежа на Peugeot ќе бидат на располагање во Битола, Велес, Гостивар, Кичево, Охрид, Прилеп, Тетово и Штип, каде сите оние кои сакаат да инвестираат во својот бизнис ќе имаат можност веднаш да пополнат барање за кредит.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook