Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Пристигна Ford Kuga
05.02.2009
ford-kuga-mkd-1.jpgОфицијално претставен минатата година впечатливиот кросовер Ford Kuga пристигна во Македонија и стартува во освојување на симпатиите на домашните купувачи.

Големата посетеност на македонската премиера на Kuga и фактот дека публиката буквално неможеше да се одлепи од возилото докажува дека доволен е еден поглед и мозокот регистрира дека станува збор за чиста атракција, со смела предница на која доминира трапезниот отвор за воздух, штитникот за мотор оздола и секако големите впечатливи светла.

Дополнителен печат на дизајнот оставаат и надуваните арки над тркалата, високата линија на појасот, широкиот С носач со контра агол, петаголното задно стакло и двојниот издув кој извира од штитникот во задниот браник.

Кабината го носи препознатливиот дизај на Ford. Тука можат да се најдат елементи од повеќе различни модели со сина елипса на носот, но сепак внатрешноста има свој печат и голема можност за персонализација.

Практичноста се огледува во можноста за одложување на ситнурии во големиот број прегради, багажникот со зафатнина од 360 L до 1.335 L, комплетното преклопување на задната клупа поделена во сооднос 60:40, дводелната задна врата и можноста да се симне надвор од асфалтот.

Ламарината го сокрива погонот на четири тркала земен на заем од сестринската марка Volvo. Истиот погон работи во моделите S40 и V50. Примарно ги задвижува предните тркала, а кога тие ќе почнат да пролизгуваат вртежниот момент се префрла на задните. Понатаму по избор останува и верзијата само со погон на прдени тркала.

Под хаубата работи познатиот 2.0 литарски турбо дизел TDCi кој остварува моќност од 136 коњски сили и максимален вртежен момент од 320 Nm, доволни за да го забрзаат до темпо 100 за 10,7 секунди и максимални 180 km/h. Просечната потрошувачка изнесува 6,4 L/100 km.

Ford Kuga се нуди во две нивоа на опременост Trend и Titanium. Без оглед за кое ниво ќе се одлучат сосптвениците ќе можат да уживаат во благодетите на современата електроника.

Од поважната опрема Kuga Trend нуди ABS + ЕБА, 4 воздушни перници, затемнети стакла, електрика на стакла, клима уред, централна брава со далечинско, електрични греени ретровизори, светла за магла, радио CD со 6 звучници, кожен волан, спортски предни седишта.Цената на Ford Kuga 2.0 TDCi Trend изнесува 29.000 евра.

Ttitanuim дополнително нуди темпомат, автоматски клима уред, трепкачи на надворешни ретровизори, радио со CD со 8 звучници, кожа на рачката од менувачот и леснометални бандажи од 17 инчи. Цената e заокружена на 32.500 евра.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook