kia-ceed-1-2012-1
Kia го открива новиот Cee`d

По првиот официјален фотос од минатата седмица Kia целосно го открива својот нов играч во компактната класа

 
Get Adobe Flash player
Пристигна Mercedes E Класа
05.05.2009
mercedes-e-klasa-1.jpgОд секогаш претставувањето на нова генерација на Е Класа на Mercedes, синонимот за престиж, комфор, безбедност се поврзувало со поставување на нови стандарди кои останатите треба да ги следат.

Новата Е Класа која пристигна и веќе се продава во Македонија со себе носи дваесетина комплетно нови, или, дополнително унапредени технички системи чива намена е подигнување на безбедноста на највисоко рамниште.

Најголем акцент им се дава на системите како Adaptive High Beam Assist, Attention Assist и Brake Assist Plus.

Системот Adaptive High Beam Assist го сочинуваат сензори поставени во предното стакло кои ја анализираат состојбата на пат, следејќи ги возилата што доаѓаат од спротивен правец и автоматски ги подесуваат светлата долги/кратки.

Системот Attention Assist постојано бдее над возачот и го анализира неговото однесување зад волан. Веднаш штом ќе ги забележи првите знаци на замор системот преку визуелен и звучен сигнал го известува возачот дека е време за пауза.

Системот Brake Assist Plus автоматски го пресметува времето потребно за сопирање со цел да се избегне евентуален судар и воедно го известува возачот за превземената акција преку звучен и визуелен сигнал.

Дополнителни новини кои допринесуваат за зголемување на безбедноста на патниците се конструкторски. Имено инженерите на Mercedes успеале да направат патнички кафез кој е за 30% поцврст од претходникот .

Кога сме кај процентите новата Е Класа може да се пофали со поголема економичност, односно која има за 23% пониска потрошувачка во однос на моделот кој замина во пензија.

Штедливоста е постигната со користење на технологија на директно вбризгување од најновата генерација. Но, и со одличниот коефициент на отпор на воздух која кај пакетот BlueEFFICIENCY има вредност од Cd 0,25 и со новите гуми со понизок отпор при тркалање за 17%.

Најштедливите верзии Е 220 CDI BlueEFFICIENCY со 170 КС и Е 250 CDI BlueEFFICIENCY со 204 КС - 500 Nm, во просек трошат 5,3 l/100 km. Дури и врвниот модел меѓу дизелите со V6 мотор Е 350 CDI BlueEFFICIENCY со 231 КС во просек е поштедлив од својот претходник Е 320 CDI за 0,5 L/100 km.

Бензинците нормално се малку порастрошни од дизелите. Сепак и кај нив потрошувачката во просек е намалена за 20% исто така благодарение на директното вбризгување.

Е 200 CGI BlueEFFICIENCY со 184 КС троши 6,8 l/100 km, додека Е 250 CGI BlueEFFICIENCY со 204 КС троши 7,3 l/100 km. Понудата кај нив ја пополнуваат моделите Е 350 CGI BlueEFFICIENCY со 292 КС, Е 500 BlueEFFICIENCY со 383 КС и спортистот E 63 кој доаѓа од AMG, a под хаубата ќе пакува 525 КС.

Е Класа во серија нуди седум воздушни перници, ISOFIX, пред затегнувачи на ремените во комбинација со ограничувачи на силата на извлекување на ременот при судар и потпирачи за глава кои реагираат во зависност од силата на ударот.

Понатму важен безбедносен елемент е активната хауба Active Bonnet чив заден дел се издига 50 mm за само неколку милисекунди при судар со пешак. Од безбедносните системи со доплата на располагање е и унапредената верзија на Night View Assist превземен од поголемата S Класа и новата досетка Blind Spot Assist.

Комфорот е подобрен благодарение на новите седишта со вентилација и опција за масажа превземена од поголемата S Класа и исто така опционална задна клупа со две одвоени седишта.

Ново конструираната суспензија со амортизери кои се само поддесуваат во зависност од условите на возење и квалитетот на подлогата само го дополнуваат лебдењето врз патот. Со доплата клиентот може да се одлучи за воздушна суспензија која сега има електронски систем за контрола на придушувањето.

Сериски E Класа доаѓа со леснометални бандажи од 16 инчи, волан обложен со кожа Nappa со хромирани инсерти, Audiо 20 CD инфотеинмент систем со CD, Bluetooth интерфејс и осум звучници.

И новата Е Класа ќе се нуди со двете дизајнерски линии Elegance и Avantgarde и пакетите Exclusive, Komfort и спортскиот пакет AMG кој опфаќа соодветен аеродинамичен кит, спортски предни седишта, волан со три пречки, бушени вентилирачки дискови со сопирачки клешти со логото на AMG и леснометлани бандажи од 18 инчи со AMG дизајн.

Цените на новата Е Класа кај нас стартуваат од 43.620 евра.

 

 

 

 

Facebook