По новинарската презентација во салонот на Euroimpex, одржана
минатиот месец, првиот SUV на Peugeot, моделот 4007 успешно беше промовиран и пред очите на македонската
јавност.
Промоцијата на Peugeot 4007 се одржа во
Музејот на современа уметност на скопското Кале, амбијент совршен за
презентирање на еден модел чија задача не е само возење на пат туку и
излегување надвор од асфалтот.
Акцентот на изложените теренци беше ставен токму на овој
вториов дел од задачите што ќе ги извршува 4007 во својот работен век. Паркирани
во зеленилото кое потсетува на Африканската Савана од каде двата лава ѕиркаат со
своите муцки, совршено се вклопуваа во амбиентот што во одделот за маркетинг на
Euroimpex сакаат да го потенцираат.
Вториот пар диви мачки поставен на скалилата пред платото
на музејот го нагласуваат акцентот на способност за преживување во урбаната
џунгла. Со 4007 во град ќе бидете подеднакво незапирливи како и на терен и
лесно ќе се справувате со градските ударни дупки и тротоари.
Покрај презентирањето на Peugeot 4007, гала
промоцијата приреди и многу изненадувања за присутните, меѓу кои се најдоа и
многу јавни личности и лица од македонската естрада, во облик на прекрасна
забава со бендот Деј-Оф и Каролина Гочева, на која импортерот
Euroimpex и додели нов Peugeot 308.
Сепак, и покрај мноштвото гости, познати лица, добриот
бенд и големата пејачка, присутните се согласија со едно: Главна
ѕверка на настанот беше токму разјарениот лав во форма на Peugeot
4007.
|