Најновата трета по ред генерација на најдобриот влекач на
планетата Mercedes Actros пристигна во Македонија и се претстави во полно светло пред потенцијалните домашни клиенти.
Тврдењето најдобар влекач на планетата, Actors,
го потврдува со престижната награда Камион на годината за 2009.
Бидејќи станува збор за работна машина која поседува
груба убавина застапникот за Mercedes во Македонија, компанијата MakAutoStar, одлучи
презентацијата на Actros да ја направи во својот сервис, амбиент како скроен за
влекач во полна големина, каде присутните можеа подетално да се запознаат со
него и да уживаат во гласот на Александра Пилева.
Actros е синоним за издржливост, економичност, комфор... Атрибути
кои дополнително се нагласени кај третата генерација која доаѓа со помоќни и
поекономични мотори чива снагата до погонските тркала се испраќаа преку
новоразвиениот автоматски менувач со 12 степени на пренос, кого во Mercedes го
нарекуваат Power Shift 2.
Новиот автоматик обезбедува оптимално искористување на
моќноста на моторот во зависност од условите на патот и оптовареноста на
влекачот. На овој начин ја минимизира потрошувачката на гориво и во исто време
овозможува висок брзински просек.
Комфорот во кабината на новиот Actros е подигната на уште
повисоко рамниште. Возачот и совозачот седат на нови пневматски седишта кои се
местат во сите правци, кабината изобилува со корисни прегради и фиоки. Тука е
сместен ладилник, прирачна масичка, огледало за бричење, а одморот го
гарантираат новите кревети со душек кој се прилагодува според контурите на
телото.
Сите овие атрибути знаат да ги ценат професионалците кои
минуваат милиони километри во своите грдосии. Токму затоа заинтересираноста на
македонските компании за третата генерација на Actros е
очекувана.
Тоа го докажаа уште на презентацијата каде беше
продаден првиот Actros III. Навистина, како што вели
слоганот, новата ѕвезда пристигна и блеска посјајно.
|