Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
„Пушти Корен” – Акција на Peugeot
08.07.2008
peugeot-207-pusti-koren-1.jpgПо едно дрвце за секое продадено Peugeot 207. Увозникот на Peugeot, Euroimpex на овој начин ја најавува еколошката акција на Peugeot која ќе оди под името „Пушти Корен”.

Имено Euroimpex ќе засади по една израсната садница за секоj модел на Peugeot 207 кој ќе биде купен до крајот на месец септември годинава. Акцијата ќе се спроведе на почетокот на октомври во соработка со невладината организација Еко-мисија, чии претставници беа присутни на промоција на акцијата.

Peugeot постојано ја докажува својата грижа за животната средина преку радикално намалување на емисијата на издувни гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. Тој е единствениот автомобилски производител во светот кој ја конкретизира својата глобална политика во однос на испуштањето на јаглероден диоксид во атмосферата.

Како дополнување на своите напори за намалување на загадувањето, Peugeot од 1998 година спроведува голем проект за пошумување во Амазонија“, изјави Кирил Воиновски, косопственик на Euroimpex.

Во рамките на проектот за пошумување, Peugeot веќе облагороди над 25.000 хектари земја во Амазонија. Целата акција ja финансира исклучиво Peugeot, a предвидениот буџет изнесува над 10 милиони евра.

Очекувам овој гест на Peugeot и Euroimpex да го следат и други деловни организации и поединци. Јас и Еко-мисија, а се надевам и другите еколошки организации, како милионите граѓани - љубители на природата, добрите пејсажи и здравата човекова околина, од сé срце го поздравуваме овој хуман и корисен гест“, изјави Јован Мазгански, претставникот на невладината организација Еко-мисија.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook