На церемонијата на доделувањето на наградата AutoBest годинава
одржана во Истанбул, Турција, Renault Symbol конечно го доби пехарот кој го
обележува како AutoBest 2009.
Веста за освојувањето на престижната награда на Renault
Symbol jа објавивме кон крајот на годината, но сега да се запознаеме со неколку
детали околу доделувањето на наградата и бројот на освоени бодови на
финалистите.
Според правилникот на AutoBest право на
номинација имаат автомобилите кои се претставени на пазарот во периодот од 1
јануари до 31 декември во тековната година, а нивната цена со сите давачки не
ја надминува вредноста од 15.000 евра.
Челновите на жирито ги номинираат возилата и од
поширокиот список избираат пет финалисти од кои само еден може да биде AutoBest. Утешни
награди нема.
Секој ќлен на жирито гласа споре 13 критериуми и
располага со вкупно 240 поени. Поените не се распоредени линерано по критериуми.
Во склоп на изборот AutoBest постојат и други награди како SportBest,
ManBest, EcoBest, CompanyBest, TechnoBest, DesignBest, SafetyBest. Од
следната година во план е воведувањето на наградата GreenBest.
Годинава вака изгледаше бројот на освоени бодови кај
финалната петорка на AutoBest.
1. Renault Symbol/Thalia 879
2. Ford Fiesta 830
3. Dacia
Sandero 700
4. Mitsubishi Lancer 661
5. Chevrolet Aveo 530
Со разлика од само 49 бода во однос на второпласираната Ford
Fiesta, годинава, Renault Symbol ја освои најтесната победа во
историјата на Autobest.
Останатите награди CompanyBest ја освои Ford Европа, DesignBest му беше
доделена на General Motors, EcoBest на Seat Ibiza Ecomotive, ManBest
на поранешниот директор за маркетинг на групацијата Fiat и директор
на Alfa Romeo - Лука де Мео, SafetyBest на Toyota за задното
воздушно перниче на iQ, SportBest на рели возачот Никос Томас и TechnoBest на Skoda.
|