Get Adobe Flash player

Seat Ibiza Sport Coupe во Македонија
28.11.2008
seat-ibiza-sc-mkd-1.jpgНеколку месеци по промоцијата на новата Seat Ibiza, на македонскиот пазар пристигна и стартуваше со продажба верзијата со карактер на купе која во Seat ја крстија SC или Sport Coupe.

Купето за кое веќе пишувавме го нагласува спортскиот дух вткаен во гените на Ibiza од каде набрзо ќе никнат верзии како што е на пример една Cupra која во претходните две генерации на Ibiza го стави спортскиот печат по кого автомобилот се препознава меѓу вљубениците на мали спортисти.

Ibiza Sport Coupe доаѓа со гама на мотори што работат под хаубата и на моделот со пет врати, секако врвот од понудата на SC ќе биде моделот Cupra кој ќе пакува 180 коњски сили, но за него е мора да се стрпиме до следната година.

Вредностите што важат за новата Ibiza се повторуваат и кај Sport Coupe. Нова платформа која се одликува со одлични динамички својства, прецизна завршна обработка, квалитетни материјали.

Дизајнот кој доаѓа како наследство на концептот Bocanegra го прави Sport Coupe уште попривлечен мал автомобил кој пред се ќе им го привлече вниманието на помладите и по возраст и по дух.

Публика на која Seat цели и смета.

Ibiza Sport Coupe доаѓа со истите нивоa на опременост како и Ibiza со пет врати пакетите Reference, Stylance и Sport. Ценовниот старт е од 11.390 евра или SC е 100 евра поевтин од моделот со пет врати.

 


 
Get Adobe Flash player