|
15.05.2009 |
Завршницата
на аматерскиот тениски турнир во мешани двојки Recontres Roland
Garros 2009 се
одигра неделава на 10 мај, а првото место го освои парот Радмила Тодоровска и
Александар Кајевски.
Победниците
извојуваа успех во динамичен натпревар против Алма Чумбелиќ и Благој Џајков и
покрај пехарите се закитија и со ветеното патување на Париз.
Како
што пишувавме станува збор за VIP
третман во Париз од 21 до 25 мај и VIP посетата на мечевите кои ќе се
одиграат на меѓународниот тениски турнир Roland Garros, што претставува исполнување на
сонот на секој љубител на тенисот.
За
регуларноста на натпреварите на домашниот турнир се погрижи претставникот на хавас
Спорт Г-ѓа Ани-Флор Серинге која заедно со трите судии ги следеше сите
натпревари.
Recontres Roland Garros 2009 годинава беше организиран од Euroimpex застапник за Peugeot
за Македонија и
спроведен во соработка со Тенискиот клуб АС, на чии терени се одиграа
натпреварите.
|