Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Suzuki Splash пристигна во Македонија
25.07.2008
suzuki-splash-mkd-1.jpgНовиот градски автомобил на Suzuki најавен уште од лани е веќе достапен за купувачите во Македонија и што е најважно нуди многу повеќе стил од својот претходник Wagon R+.

Suzuki Splash, близнакот на Opel Agila, прв тргнува во освојување на нашиот пазар. Поставен на платформата на актуелниот Swift, скратена за 30 mm, и со дизајн посебно скроен за да им се допадне на купувачите од стариот континент Splash е предодреден за да забележи голем успех.

Се произведува во фабриката на Suzuki во Унгарија, а кај нас е доаѓа со бензинските мотори од 1.0 и 1.2 литри со моќност од 65 и 86 коњски сили. Моторите се врзани со пет степен мануелен менувач, а за оние што сакаат полежерно возење со помоќниот бензинец на располагање е и четири степен автоматик.

Splash во должина мери 3.715 mm, широк е 1.680 mm и висок е 1.590 mm со меуѓуоскино растојание од 2.360 mm. Иако димензиите не ветуваат, сепак, симпатичниот автомобил со кратка хауба и исперчен задник кој стои безмалку вертикално нуди многу простор. И напред и одзади, доволно за Splash подготвено да ги прифати предизвиците што ќе се постават пред него и надвор од градските улици.

Трицилиндарецот од 1.0 литри и 65 КС е способен да го забрза автомобилот тежок еден тон до темпо 100 за 14,7 секунди и да оствари максимална брзина од 160 km/h со просечна потрошувачка од 5,0 литри. На отворено Splash 1.0 троши 4,4 литри, а во град 5,9 литри безоловен бензин.

Помоќниот четирицилиндарец од 1.2 литри со 86 КС е побрз во спринтот до 100 km/h, а вредноста изнесува 12,3 секунди. Повисока е и максималната брзина која изнесува 175 km/h. Очекувано поголемиот и помоќен мотор троши малку повеќе и остварува просек од 5,5 литри, додека на отворено троши 4,7 литри. Во град 1.2 литарецот ќе проголта 1 литар бензин повеќе од 1.0.

Верзијата со автоматски менувач вози 170 km/h, забрзува до темпо 100 за 14,9 секунди, во град троши 7,8 литри, отворено 4,9 литри, а просекот застанува на 5,9 литри, што е очекувано од еден автоматик.

Suzuki Splash стартува со цена од 10.700 евра за основниот модел 1.0 GLS кој доаѓа опремен со серво волан, четири воздушни перници, електрика на стакла напред, електрика и греење на ретровизори, централна брава со далечинско, седишта за возач и совозач кои се местат по висина, волан поддесив по висина, радио со CD + МР3 и клима уред.

Следниот модел во понудата 1.2 GLS доаѓа со истата опрема, плус кожен волан и радио CD + МР3 со команди на волан, настапува со цена од 11.500 евра, додека поопремениот модел 1.2 GLS Style кој дополнително има светла за магла, леснометални бандажи од 15 инчи, затемнети стакла назад и место четири, шест воздушни перници чини 11.990 евра.

Врвот на понудата е 1.2 GLS Style ESP за кого опремен со: серво волан, шест воздушни перници, електрика на стакла напред, електрика и греење на ретровизори, централна брава со далечинско, седишта за возач и совозач кои се местат по висина, кожен волан поддесив по висина, радио со CD + МР3 со команди на волан, клима уред, светла за магла, леснометални бандажи од 15 инчи, затемнети стакла назад, електронска контрола на стабилност ESP плус контрола на тракција TCSS, во Suzuki побаруваат 12.700 евра.

1.2 GLS Auto со ниво на опрема како 1.2 GLS чини 12.990 евра.

Наменет и за Тој и за Таа веруваме дека Splash одлично ќе се снаоѓа во градскиот метеж, но и на нашиот пазар.

Толку од првиот контакт со Splash преставен на статичка презентација. Секако очекувајте повеќе по тест возењето кога веруваме Splash ќе ги открие сите свои атрибути со кои ќе ги освојува срцата на домашните купувачи.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook