Најголемиот производител на автомобили
на светот, Toyota се закити со уште едно признание. Toyota e прогласена за Нјадобар од
најдобрите и e добитник на наградата Superbrands Македонија
2009.
Квалитет, оригиналност и
емотивна вредност, се одликите за кои Toyota се закити со претижната награда Superbrands Македонија за
2009. Наградата ја додели меѓународната организација Superbrands, која веќе четиринаесет
години ги идентификува и прогласува водечките трговски марки на 86 пазари и региони низ целиот свет.
Toyota Македонија како што вели Superbrands ја
освојува награда заради својата посветеност во желбата да остане посебен,
автентичен и поквалитетен бренд кој се разликува од останатите. Затоа стручното
жири на Superbrands 2009 ја прогласи за најдобар меѓу најдобрите на македонскиот пазар.
Како организација која се темели на идентификација и
именување на исклучителни пазарни марки, Superbrands ги анализира остварувањата на одредени пазарни марки и ги препознава
оние кои остваруваат повеќе од својата конкуренција и ги наградува со високо
признаетиот статус на Superbrands.
Оваа награда се доделува на
производот кој во себе ги обединува: високата оценка за квалитет, оригиналноста
и емотивната вредност која ја гаи кон потрошувачот.
Superbrands е само уште едно признание за беспрекорната работа на Toyota во
градењето на брендот и врската на потрошувачите.
Годинава истражувањето на
угледот на трговски марки е спроведено и на пазарот во Македонија, при што на
финалната листа се наоѓаа преку 1000 трговски марки кои беа предложени во
соработка со независни агенции за истражување на пазарот.
Победниците од различни
категории беа избрани од страна на стручна комисија, составена од многубројни
деловни и експерти за маркетинг, новинари, претставници на локалната власт и
академски институции.
|