Get Adobe Flash player
Urban Cruiser и iQ веќе во Македонија
22.07.2009
toyota-urban-cruiser-mkd-1.jpgСекогаш подготвена да го насети пулсот на светските текови и со своите возила да застане на врвот на трендовите на автомобилскиот пазар Toyota на купувачите им нуди нова и интересна содржина.

Содржината доаѓа во облик на новите Urban Cruiser и iQ кои од неодмна се нудат и на нашиот пазар. Urban Cruiser наменет за купувачи кои сакаат лик на SUV спакуван во мало пакување набиено со технологија како решение за секојдневното пробивање низ градската џунгла, но и исполнување на задачите за минување на времето во природа за викенд.

Идејата на iQ е да им се додворува на млади динамични луѓе кои се залагаат за голема независност во нивниот избор на животен стил и поставување на нови вредности низ кои се истакнува нивната индивидуалност.

Она што одушевува и кај Urban Cruiser и кај iQ е големата количина на нови технологии сокриена под ламарината кои што барем до сега не се очекуваа во сегментот на возила каде спаѓаат.

Urban Cruiser

Впечатливите остри линии му даваат снажен изглед карактеристичен за вистиснки теренец, но Urban Cruiser е компактен и урбан. Карактерот на SUV надополнет е и со погон на четири тркала кој се испорачува со 1.4 литарскиот турбо дизел D-4D.

Стартот на понудата пак е на друга страна. Во верзијата полна технологија со погон на предни тркала која ја задвижува ново развиениот 1.33 литарски атмосферски бензинец со двоен систем за варијабилно управување со вентилите VVT-i и функција старт/стоп.

Моторот испорачува 100 КС има максимален вртежен момент од 132 Nm и му овозможува на Urban Cruiser да достигне максимални 175 km/h, а забрзувањето до темпо 100 изнесува 12,5 секунди.

Покрај пристојните перформанси кои доаѓаат од релативно мал мотор Urban Cruiser може да се пофали и со својата зелена страна бидејќи во просек троши 5,5 L/100 km и има емисија на СО2 од 129 g/km.

Проценките на одговорните во Toyota се дека токму оваа верзија ќе ја понесе продажбата во Европа. Тие очекуваат дека дури 70% од продадените модели на Urban Cruiser ќе бидат задвижувани од 1.33 литарецот кој кај нас стартува со цена од 14.990 евра.

Останатите 30% би отпаднеле на дизелските верзии кои го задвижува 1.4 литарецот D-4D, a покрај погонот на четири тркала се нудат и само со погон напред. Дизелот со погон на четири тркала кај нас стартува со цена од 17.490 евра.

Турбо дизелот испорачува 90 КС и максимален вртежен момент од 205 Nm. Максималната брзина на двете дизелски верзии е идентична со онаа на бензинецот. Идентично е и забрзувањето до 100 km/h на верзијата со погон на четири тркала, додека дизелот со погон на предна оска до темпо 100 стигнува за 11,8 секунди.

Дизелските верзии нудат уште поголема економичност со просечна потрошувачка од 4,5 односно 4,9 L/100 km. Снагата кај сите верзии се пренесува преку шест степен мануелен менувач кој само кај бензинецот е опремен со систем старт/стоп.

Енетриерот со дизајн карактеристичен за Toyota нуди квалитни материјали, доволно простор, практичност и богата опрема како клима уред, темни задни стакла, внатрешен ретровизор со автоматско затемнување, аудио систем со шест звучници, автоматско склопување на ретровизори, но и електронска контрола на стабилноста и контрола на тракција како стандардна опрема.

iQ

Претставува пресврт во автомобилското инженерство и носи радикални нови размислувања со што се разликува од сите останати мали возила. iQ нуди софистицираност преку различни напредни карактеристики кои најчесто се среќаваат кај поголемите возила.

iQ е многу повеќе од најмалиот четирисед на светот. Тој е брз, агилен, забавен, но и стабилен и безбеден на автопат. iQ овозможува брзо и вешто справување во урбани средини и стабилност на автопат, нешта кои претходно биле незамисливи за возило со негова големина.

Иако во должина мери помалку од три метри или 2.985 mm и широк е 1.680 mm iQ со себе може да понесе четири патници плус, а на проценката за безбедност на независната европска институција Euro NCAP освои 5 ѕвезди.

iQ доаѓа во две верзии со бензински и дизел мотор. Се работи за 1.0 литарскиот трицилиндарец кој испорачува 68 КС и го турка iQ до максимални 150 km/h, а бројката 100 ја достигнува за 14,7 секунди. Притоа во просек троши 4,3 L/100 km и има емисија на СО2 од 99 g/km.

Втората верзија доаѓа со 1.4 литарскиот D-4D со 90 КС способен да го истурка малечкото до 170 km/h и да го забрза до темпо 100 за 11,8 секунди. Перформанси кои воопшто не се за потценување. Просечната потрошувачка изнесува 4,0 L/100 km.

Она што дополнително воодушевува кај iQ се модерната кабина уредена со квалитетни материјали од кои не би се засрамил ниту еден Lexus. Опремата подеднакво изненадува и потсетува на автомобил од повисока класа.

Сериски клима уред, леснометални бандажи од 15 инчи, кожа на волан и на рачка од менувач, комплетен електричен пакет со греење на ретровизори, радио CD + MP3 со шест звучници, контрола на тракција, распределба на силата на сопирање, 9 воздушни перници...

Секако големата можност за персонализација доаѓа преку уште поголемата понуда на дополнителна опрема со која iQ може да се претвори воедна врста уникатен автомобил скроен според желбите на сопственикот.

Секако најголемиот мал автомобил на светот не е евтин. Но, неговата идеја и не е да ги превезува широките народни маси туку да го истакне стилот на својот соптвеник. А тоа чини. Кај нас iQ стартува од 12.990 евра.

 

 

 

 

Facebook