|
08.05.2008 |
Шведскиот производител на луксузни автомобили, Volvo конечно во
Македонија во фирмата Ми-Да Ауто доби застапник каков што заслужува една светска
компанија со големо реноме.
Генералното застапништво на Volvo за
Македонија е добиено годинава, а веста беше објавена на свеченото отварање на
манифестацијата „Саемски денови на Ford во Македонија” од
страна на сопствникот на Ми-Да, Марјан Миновски.
Компанијата претходно мораше да ги исполни сите услови на
шведскиот производител во согласност со барањата што ги налагаат светските
стандарди за продажба, сервис и резервни делови.
Токму затоа наскоро се очекува да започне изградбата на
новиот Volvo центар во Македонија кој ќе егзистира и работи во рамките
на Ми-Да. Во Ми-Да очекуваат дека моделите на Volvo многу брзо
ќе ја завземат соодветната позиција на нашиот пазар.
|