Get Adobe Flash player
VW Golf VI е автомобил на годината во Македонија
11.02.2009
vw-golf-avto-na-godina-2009.jpgЖирито за избор на автомобил на 2009 година во Македонија, го прогласи Volkswagen Golf за автомобил на 2009 кој ја однесе титулата  освојувајќи четири од шест гласа од членовите на жирито.

Volkswagen Golf во однос на критериумите според кои жирито ги оценува возилата беше поуспешен од останатите конкуренти, од кои уште Renault Megane освои два гласа.

Жирито годинава одлучи да додели и две специјални признанија: за безбедност на Renault и за исклучителни резултати во комуникацијата со јавноста на импортерот на Hyundai, Кореа Авто Трејд.

Изборот на автомобилот на годината во Македонија годинава се одржува по 14. пат.

Жирито согласно правилата на изборот и критериумите според кои се оценуваат возилата, го избра автомобилот на 2009 година во Македонија меѓу годинешните финалисти: Hyundai i10, Seat Ibiza, Honda Accord, Suzuki Splash, Renault Megane и Volkswagen Golf.

Критериумите според кои одлучуваше се: адекватноста и понудата на домашниот пазар, економичноста и еколошката прифатливост, безбедноста и примената на технолошките достигнувања, возните својства, дизајнот и комфорот и опременоста.

Секој член на жирито гласа за автомобилот што во однос на останатите кандидирани автомобили се истакнува по секој од критериумите, при што најголемо влијание имаат критериумите за адекватност и понуда на домашниот пазар и економичност и еколошка прифатливост.

Титулата "Автомобил на годината " ја освојува оној автомобил што има најмногу гласови од членовите на жирито.

Досегашни носители на титулата "Автомобил на годината" во Македонија се: Fiat Bravo/Brava 1996, Renault Megane 1997, Opel Astra 1998, Skoda Octavia 1999, Fiat Punto 2000, Seat Leon 2001, Toyota Corolla 2002, Mazda6 2003, Mazda3 2004, Seat Altea 2005, Volkswagen Passat 2006, Opel Corsa 2007 и Kia Cee'd 2008.


 

 

 

Facebook