Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
VW Passat CC пристигна во Македонија
21.11.2008
vw-passat-cc-1.jpgНајавуван безмалку цела година, Passat CC конечно пристигна и во Македонија. Првиот примерок е веќе изложен во салонот на Porsche Македонија и е подготвен да заведува.

Купето со четири врати на VW веднаш се забележува по својот единствен дизајн. Дефинитвно Passat CC изобилува со елегантни детали од хром кои му даваат богатство на финишот пред се на предниот дел каде доминира развлечената маска со хромирани решетки.

Елегантно делуваат и вратите без рамка, додека пак набабрените арки над тркалата му даваат мускулест настап одлично вкомпониран во димензијата што VW ја нарекува спортска елеганција.

Passat CC продава имиџ проткаен со технолошки новини. Гумите поставени врз леснометални бандажи заптиваат со слој на полимер со дијаметар од 5 mm кој спојува две различни компоненти, гума и метал, и обезбедува максимална непропустливост за целиот животен век на гумата.

Мултифункционалниот дисплеј во арматурата дава информации за состојбата на притисокот во гумите, времетрањето на возење, изминатиот пат, просечна брзина, надворешна температура, просечната потрошувачка, како и колку километри можете да поминете со преостанатото гориво.

Создаден како четирисед нуди доволно простор за комфорно патување и на долги релации. Passat CC нуди и практични елементи како отвор во потпирачот на задната клупа кој овозможува транспорт и на подолги предмети секако доколку багажниот простор од 532 L не би бил доволен.

Passat CC кај нас стартува со цена од 32.500 евра во која е вкалкулирано богатсво од сериска опрема која покрај стандардните активни и пасивни безбедносни елементи, носи и електрика на стакла и ретровизори со греење, клима уред, радио со CD, touch screen дисплеј, спортски седишта, кожа на волан и рачка од менувач, спортска суспензија, леснометални бандажи со пречник од 17 инчи, односно како што велат во Porsche Makedonija, единствено не се вкалкулирани ксенон светла и кожен ентериер.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook