Get Adobe Flash player
Aston Martin со своја серија во Азија
28.11.2007
aston-martin-asia-cup.jpgAston Martin во 2008 стартува со сопствена серија резервирана само за Азија. Одлуката следи набрзо по отворањето на две претставништва во Кина првпат во историјата на марката.

Серијата ќе се нарекува Aston Martin Asia Cup AMAC и се состои од 12 трки кои ќе се возат во азиско-пацифичкиот регион вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Малезија и Сингапур.

На секоја трка ќе стартуваат 18 автомобили Aston Martin Vantage N24 со 4.3 литарски мотор кој веќе се натпреваруваше во слични серии во Европа и Среден Исток. Моќниот V8 остварува 410 КС и го задвижува автомобилот тежок 1.305 килограми.

Осумнаесетте автомобили на AMAC ја носат последната верзија автоматизираниот мануелен менувач Sportshift и дополнително се опремени со заштитни кафези, безбедносни резервоари за гориво, тркачки школкасти седишта и соодветни ремени во шест точки и систем за гасење на пожар.

Како дополнување на наградите и трофеите, победникот на серијата ќе биде награден со спонзорство за да се натпреварува во серијата GT4 на FIA со Vantage N24 во 2009.

 

 

 

Facebook