|
Audi постигна и повеќе од уверлив успех на годинешното издание на трката на издржливост 24 часа Леман. Audi ja освои легендарната трка со победа еден-два-три благодарение на болидите R15 TDI.

Очигледно е дека Audi научи многу од минатогодишниот пех и годинава во Леман прситигна поподготвен и настроен да му се одмазди на минатогодишниот победник Peugeot кој годинава немаше среќа.
Победничкот екипаж на Audi во состав Тимо Бернард, Ромеин Дума и Мајк Рокенфелер извозеа апсолутно безгрешна трка и ја освоија својата прва победа на Леман и забележуваа уште една историска победа за Audi.
На 78 издание на 24 часа Леман Audi ја освои својата 9 победа и го изедначи бројот на победи со Ferrari на оваа легендарна трка. Единствен којшто има повеќе победи на Леман за сега е неприкосновениот Porsche. Но, од Audi најавуваат атак и на неговата позиција.
Успехот годинава Audi го постигна благодарение на исклучително штедливиот и издржлив турбо дизел TDI кој работеше во болидот наречен R15. Новиот болид на Audi е првиот автомобил во тркачката историја на Леман кој користел турбо полнач со варијабилна геометрија на перките VGT - Varable Turbine Geomеtry.
Победничкиот Audi R15 во напорните 24 часа на патеката во Леман успеа да извози 397 круга и измина 5.410 km уривајќи го рекордот на Porsche 917 од 1971 постигнат од Др. Хелмут Марко и Жиј ван Ленеп.
Рекордот на Porsche 917 се сметаше дека е несоборлив бидејќи таа година не постоела шикана на правецот познат како Hunaudieres што дополнително говори за перформансите на R15.
Екипажот на Audi, Марсел Феслер, Андре Лотерер и Бену Трелује заврши втор, додека на третото место заврши победничкиот екипаж од 2008 Риналдо Капело, Том Кристенсен и Алан Мекниш.
Тимот на Peugeot кој лани го освои Леман годинава се сретна со низа технички проблеми кај сите автомобили од кои ниту еден на крај не ја заврши трката. Најголемите фаворити на Леман годинава екипажот на Peugeot 908 HDi Педро Лами, Симон Пажено и Себастиен Бурде се откажаа заради проблеми со суспензијата.
Најголем трагиќар на годинешното 78 издание на 24 часа Леман беше светскиот шампион во Формула 1 од 1992, Најџел Менсел. Британецот кој настапуваше во екипаж заедно со своите синови изгуби контрола над болидот и излета од патеката.
Тој долго неможеше да излезе од кокпитот на болидот поради што на патеката се појави Safety Car, а заглавениот Менсел беше изваден и веднаш испратен во болница каде докторите констатираа дека за среќа не е сериозно повреден.
Годинава Леман ги преполови учесниците од 56 екипажи колку што стартуваа на 24 часовната трка на издржливост само 28 ја завршија.
|