|
04.06.2007 |
Peugeot и Audi со своите дизел болиди доминираа на првото тестирање на
патеката во Леман пред почетокот на 24 часовната трка која ќе се вози викендот
на 16 и 17 јуни.
Новиот Peugeot 908 HDi FAP оствари најдобро
време и го завзеде првото место со недодирливиот шампион од серијата Cahmp
Car, Себастијан Бурдаи, кој ја мина патеката за 3 минути и 26,707 секунди.
Нормално француските фанови полудеа поради тоа. Одамна не
се случило една ваква се француска комбинација да доминира на Леман.
Времињата на Себастијан Бурдаи беа околу две секунди
подобри од најбрзиот Audi R10 TDI на Пиро. Но, Peugeot ништо не
му препушта на случајот и продолжува напорно да работи пред стартот на големата
трка.
Шкотланѓанецот Алан Мекниш со вториот Audi
R10 TDI беше две десетинки поспор од Пиро, додека првиот
бензински болид кој возеше најблизу до Peugeot и Audi беше Pescarolo со
возачката постава Булијон/Дума/Колард.
Дебитантот на Леман, Жак Вилнев возеше одлично во вториот
Peugeot 908 HDi FAP но, оствари само петто време дури 4 секунди зад Бурдаи.
|