Get Adobe Flash player
Дакар откажан
08.01.2008
dakar-2007-volkswagen.jpgЗаканите за терористички напади и киднапирања ги присилија организаторите пред самиот старт да го откажат годинешното рели Дакар во интерес на безбедноста на учесниците.

Најтешкото, највозбудливото и најдолгото рели на светот требаше да стартува на 5 јануари во Лисабон, Португалија. Но, по разговорите со Француската влада организаторите одлучија дека ќе ги изложат учесниците на непотребен ризик доколку дозволат релито да се одржи.

Одлуката падна откако четворица француски туристи беа убиени во Мавританија вечерта на католичкиот божик, бидејќи низ оваа африканска држава вози голем дел од рутата на релито.

Организаторите еден ден пред стартот на релито ги информаираа 570. натпреварувачи дека настанот нема да се одржи. „По повеќето консултации со Француската влада, посебно со министерството за надворешни работи, и земајќи ги во предвид нивните јасни и цврсти препораки, организаторите на Дакар одлучија да го откажат годинечното рели,” се вели во изјавата испратена до натпреварувачите.

Интересно е што и во минатото на Дакар биле откажувани патни секции и брзински испити поради разно разни причини, но ова е првпат во долгогодишната историја релито целосно да биде откажано.

dakar-2007-mitsubishi.jpg

 

 

 

Facebook