По откажувањето на Дакар поради можни терористички
напади, јасно е дека организаторот на релито бара начин како да го реши
проблемот, односно да го премести настанот од Северна Африка.
Алтернативи за одржуваење на Дакар во моментов се
Арабискиот полуостров, Австралија, Јужна Америка, а се размислува дури и за
повторување на рутата од Париз до Пекинг.
Според организаторот единствено нешто што им е потребно
на натпреварувачите на Дакар е безбедност. Минатата година беа откажани неколку
етапи поради закани, а истото се случува на безмалку секое одржување на релито.
Годинава за првпат во историјата на Дакар целосно
откажување на релито беше направено по препорака на Министерството за
надворешни работи на Франција и нивната тајна служба. Дури сега француските
власти обзнанија дека всушност се работело за закана од страна на Ал Каеда по
животите на учесниците.
Најголема е веројатноста дека Далар во иднина ќе се
пресели во Јужна Америка пред се поради отворената покана на чилеанскиот
министер за туризам на организаторот ASO. Според извештаите
што стигнуваат од терен се чини дека прелиминарен договор веќе е потпишан од
страна на ASO и на владата на Чиле.
Чиленскиот министер за туризам Оскар Сантелицес ја понуди
најсувата пустина на светот Атакама како арена за одржување на релито.
Претходните искуства со релито Патагонија – Атакама се јасен предзнак дека
чилеанската влада која очекува големи приходи од еден ваков настае и повеќе од
сериозна кога ја достави поканата до ASO.
Рутата на релито би требало да ги вклучи и Аргентина и
Чиле и се очекува стартот да биде на 1 јануари 2009. Паузата од една година е
потребна за реорагнизирање на релито и поставување на нова рута која треба да
биде подеднакво предизвикувачка како и рутата низ африканските земји.
|