Тимот Peugeot
Sport Total со екипажот Дејвид Брабам, Марк Хене и Александар Вурц годинава
победи на 77. по ред издание на легендарната трка на издржливост 24 часа Леман.
Ова е прва победа за автомобилот Peugeot 908 HDI FAP, додека Peugeot
годинава триумфираше по трети пат во својата тркачка
историја на 24 часа Леман. Тие се севкупни победници на 77. трка на Леман и
победници во својата класа LMP1
или Le
Man Prototypes 1.
Победата на францускиот лав на Леман е уште поголема поради
втората освоена позиција на уште еден Peugeot
908 HDI FAP.
Екипажот во состав Себастијан Бурде, Френк Монтани и
Стефан Саразан успеа да му ја донесе на Peugeot
првата во тркачката историја на 24 часа Леман еден-два
победа.
Во битката на џинови каква што беше годинешнава трка во
Леман, Peugeot
конечно успеа да го победи во новиот милениум
неприкосновениот Audi и неговиот нов тркачки автомобил Audi
R15 TDI.
Тимот од Инголшатд годинава немаше среќа на легендарната
патека. Првиот автомобил излета од патеката заради грешка на возачот Александар
Прем уште во првиот дел од трката, додека на вториот R15 TDI му изгоре моторот.
Па така на трката на издржливост победија најиздржливите. По двата болида на Peugeot на третото место заврши болидот на Audi
R15 TDI со екипажот, прекалените волци Риналдо Капело, тркачката
легенда Том Кристенсен кој е седумкратен победник на 24 часа Леман и Алан
Меканиш.
Патем Том Кристенсен е најуспешниот возач на Леман. Тој
по бројот на победи успеа да го надмине до пред неколку години неприкосновениот
тркач од старата генерација Џеки Икс.
Третиот автомобил на Peugeot заврши на шестата
позиција, додека четвртото и петото место ги освоија автомобилот Lola Aston Martin B09/06 од тимот AMR
Eastern Europe, односно автомоилот Oreca 01-AIM на тимот
Team Oreca Matmut AIM.
Победата во послабата класа LMP2 ја извојуваше
Team Essex со Porsche
RS Spyder и екипажот Каспер Елгар, Кристиан Поулсен и Емануел
Колар. Овој екипаж во севкупниот поредок го освои десетото место.
Во класата GT1
веќе традиционално првите две места ги освоија
автомобилите
на Corvette, поточно Corvette
C6.R од тимот на Corvette
Racing со екипажот Јан Магнусен, Џон Оконел, Антонио Гарсија и на
тимот Luc Alphand
Aventures со возачите Јан Клере, Ксавие Маасен, Жулиен Жус.
Во класата GT2
победи тимот на Risi
Competizione со возачката постава Жаиме Мело, Мика Сало и Пиер Кафер
зад воланот на автомобилот Ferrari
F430 GT2.
|