Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
FIA GT: Менсел повторно во Ferrari
13.04.2007
mansellhiЛегендарниот Најџел Менсел се враќа на патека. И тоа, не било каде, туку на Силверстоун. Патека на која првпат возеше Формула 3 во 1977 година и заврши четврти.

За него, поранешниот возач на Ferrari, Еди Ирвајн има изјавено: „Менсел беше Менсел. А ние, ние смe само обични смртници.”

Менсел, на 6 мај годинава во Силверстоун, ќе вози Ferrari 430 GT за тимот Scuderia Ecosse кој се натпреварува во Шампионатот GT на FIA. Последен пат Менсел возеше Ferrari на трка во 1990 година кога по две сезони го напушти тимот од Маранело.

Поминаа 15 години откако Менсел стана шампион во Формула 1. И 12 години откако ја напушти Формула 1 засекогаш, по скандалот со McLaren. Се врати на тркањето три години подоцна, но само на шест трки од британскиот шампионат со туристички автомобили зад воланот на Ford Mondeo.

Оттогаш до сега Менсел се појавуваше повремено во разни шампионати но, ниту еден олку значаен како Шампионатот GT на FIA. Нормално кога главна преокупација му е кариерата на двата сина кои се натпреваруваат во британската Формула 3.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook