|
08.06.2007 |
Два фабрички подготвени GTI ќе го
означат враќањето на Volkswagen на 24 часовната трка на издржливост на
Нирбургринг. Возилата се модификувани сериски модели со 300 КС под хауба.
Тие треба да му помогнат на VW да го воведе
новиот беџ R-Line, со користење на препознатливи дизајнерски детали кои го
красат на пример еден Golf R32.
Во Volkswagen веќе подолго време ги тестираат двата
GTI пред се во Зелениот пекол на Нирбургринг со цел да ги
подготват за исцрпувачката трка. На патеката која составена од старата
Нордшалјфе и новата Нирбургринг Гранпри мери 25,378 километри и е најдолгата и
највозбудлива патека на светот.
Оригиналниот GTI беше претставен во
1976 година, но дури 20 години подоцна VW почна да
го користи фабричкиот тим за тестирање на технологијата на уличните тркачи во
24 часовниот тест на идржливост.
Годинава ќе го стават на тест 2.0 литарскиот TFSI и шест
степениот менувач DSG. Со двата автомобилите ќе управува all-star екипа од
вработени во VW, тркачи и партенери.
Листата почнува со Др. Улрих Хакенберг од бордот на
менаџери, Бернд Остман уредник во Auto Moto und Sport, Дитер
Депинг и Франсоа Верби возачи на Дакар и победниците од Polo
Cup: Рене Раст, Џими Јохансон и Флориан Грубер.
|