|
19.04.2007 |
Триумф на Ристо Вуков на првата трка од сезоната во
Европскиот шампионат во Картинг. Победата во Серес е совршен старт
за минатогодишниот европски шампион.
Трката во Грција е прва од годинешниот Европски шампионат
во Југо-Источна зона. На патеката во Серес возеа 95 натпреварувачи од 6 земји.
Тимот што ја претставуваше Република Македонија беше најмал, но
најдостоинствен. Вуков им одржа лекција на своите ривали од соседтството и
победи во двете трки освојувајќи максимален број бодови.
Со оваа победа Вуков ја оправда титулата Европски шамион
за 2006 година и најави атак на европското злато и годинава. Среќно.
Втората трка од Европскиот шампионат источна зона се вози на 27 мај во Хасково, Бугарија.
|