Минатиот викенд на автодромот во Кичево се одржа
четвртата по ред трка од Шампинатот на Македонија во автомобилизам на кружни
патеки за годинешната сезоната.
На трката учествуваа 24 натпреварувачи, поделени во три
дивизии од кои секоја се возеше во должина од по 20 кругови.
Во првата дивизија беа сместени возилата од Класа I, или Класа Yugo. Водечкиот во
генералниот пласман Виктор Давидовски победи во оваа класа и ја зголеми
предноста пред својот најголем конкурент Александар Тодоровски. Тој водеше во
текот на целата трка и не дозволи Тодоровски да ја загрози неговата лидерска
позиција.
Додека Давидовски и Тодоровски возеа напред зад нив се
водеше голема борба за третото место. На крајот дебитантот Горан Андреевски успеа
да ги одбие сите напади и да ја одбрани позицијата од далеку поискусниот Бранко
Кипровски и стигна до својот прв подиум во кариерата.
На петтото место заврши Горан Јачев стартуваше како
шести, стигна до второто место, меѓутоа се изврте на патеката поради што загуби
три позиции. Потоа Јачев не успеа да ја врати загубената позиција и мораше да
се задоволи со освоеното место. Бодови во оваа класа освоија и Цветковски и Барбаровски.
Јунак на денот беше Игор Стефановски кој покрај уште една
победа во Класа II успеа да им
избега на своите конкуренти Игор Богатиновски и Марио Велковски за цел еден
круг, а исто така и на победниците од далеку појаката Класа V Блаже Јанакиевски
и Ѓорѓи Данилов кои возеа во иста дивизија.
Стефановски го оствари и најдоброто време по круг на трката
1:16,319.
Во Класа III Ванчо
Мижовски успеа да стигне до својата прва победа во кариерата со убедлива
предност пред Орхан Ахмет и Благоја Димитровски. Мижовски одлично се снајде по
силниот дожд и со константно возење стигна до првото место.
Владимир Димушевски уште еднаш покажа дека е без
конкуренција во Класа IV и победи
со голема предност пред двоецот на АКК Автоклиника Спорт, Георгиевски - Петрушевски.
Резултати: Кичево 4 - 2008
Класа I до 1.150
сс Група А
1
Виктор Давидовски Zastava Yugo 27:51,892
2 Александар Тодоровски Zastava Yugo + 3,898
3 Горан Андреевски Zastava Yugo + 4,725
Најбрз круг: Горан Јачев 1:22,532
Класа II
до 1.400 cc Група N
1 Игор Стефановски Peugeot 106 Rallye 26:36,326
2 Игор Богатиновски Peugeot 106 Rallye + 1 круг
3 Марио Велковски Peugeot 106 Rallye + 1 круг
Најбрз круг: Игор Стефановски 1:16,319
Класа III
до 1.600 cc Група Е1
1 Ванчо Мижовски Zastava Yugo 29:39,229
2 Орхан Ахмет
Zastava Yugo + 1:08,968
3 Благоја
Димитровски VW
Golf + 2 круга
Најбрз круг: Ванчо Мижовски 1:24,157
Класа IV
до 2.000 cc Група Е1
1 Владимир
Димушевски Alfa
Romeo 156 29:22,136
2 Дејан
Георгиевски Opel
Astra + 1 круг
3 Спирко
Петрушевски VW
Golf + 2 круга
Најбрз круг: Владимир Димушевски 1:25,143
Класа V
до 2.000 cc Група N + SP
1 Блаже Јанакиевски Honda Civic Тype R 27:02,625
2 Ѓорѓи Данилов Honda Civic Тype R + 26,797
3 Александар Ѓорѓевиќ Renault Clio - не заврши
Најбрз круг: Блаже Јанакиевски 1:17,490
Генерален пласман
Класа I до 1.150
сс Група А
1
Виктор Давидовски 36
2 Александар Тодоровски 32
3 Горан Јачев 19
Класа II до 1.400 cc Група N
1 Игор Стефановски 40
2 Игор Богатиновски 28
3 Марио Велковски 20
Класа III до 1.600
сс Група Е1
1 Благоја Димитровски 24
2 Орхан Ахмет 20
3 Ванчо Мижовски 18
Класа IV до 2.000
сс Група Е1
1 Владимир Димушевски 30
2 Дејан Георгиевски 22
3 Спирко Петрушевски 12
Класа V до 2.000 cc Група N + SP
1 Блаже
Јанакиевски 36
2 Ѓорѓи Данаилов 34
3 Александар Ѓорѓевиќ 14
|