Третата трка на автодромот во Кичево од Шампиoнатот на
Македонија на кружни патеки не прфрла во вториот дел од
сезоната кога се очекува разгорување на шампионската битка.
На автодромот во Кичево пристигнаа 25 натпреварувачи од
различни класи кои заради поголема атрактивност на секоја трка поединечно беа
распоредени во три дивизии.
Веќе стандардно првата дивизија беше резервирана за
најмалата, но најпопуларна класа кај нас, т.н. класа Yugo. Во оваа класа полпозицијата
ја освои Александар Тодоровски. Стартуваше одлично и ја поведе трката
задржувајќи се на врвот од крај. Зад него како фластер се држеше водечкиот во
генерален пласман Виктор Давидовски, но ниту во еден момент не успеа ја загрози
водечката позиција на Тодоровски.
Голема борба се водеше за третото место. Дури тројца
возачи се изменуваа на оваа позиција, а на крајот најуспешен беше Бранко
Кипровски кој целта ја мина пред Горан Јачев и Никола Попевски.
Шестото место го освои Горан Андреевски, додека први
бодови во кариерата освоија Никола Донев и Маѓар Јанош. Резултатите во оваа
класа не се официјални поради приговорот на техничката исправност на возилото
на победникот Тодоровски.
И покрај проблемите на тренингот Игор Стефановски уште
еднаш победи во втората класа и е единствен со 100% учинок досега. Добар викенд
имаше и дебитантот во оваа класа Владимир Тренески кој заврши на втората
позиција далеку пред Игор Богатиновски и Александар Георгиевски. Марио
Велковски излета и веднаш се врати на асфалтот без последици по него и возилото, но не успеа
да ја заврши трката, откако се откажа веќе во 2. круг.
Класата III предочи
голема борба, браник на браник, помеѓу Благоја Димитровски и Никола Порданов.
Сепак, автомобилот на Порданов не го издржа темпото на актуелниот шампион и тој
мораше да се откаже 7. кругови пред крајот на трката. Најголем успех досега во
кариерата оствари Ванчо Мижовски кој со константно возење стигна до второто
место, додека Орхан Ахмет заврши трет.
Владимир Димушевски уште еднаш покажа дека е без
конкуренција во класата IV и галантно
победи пред тимските другари од АКК Автоклиника спорт, Георгиевски –
Петрушевски.
Во класата V, најбрзиот на тренингот Јанакиевски ја поведе трката и беше
на чело од поредокот се до 16. круг. Зад него возеа Ѓорѓи Данилов и Александар
Ѓорѓевиќ кои својата шанса ја чекаа и дочекаа на два круга пред крај на трката
кога Јанакиевски поради дупната гума мораше да се откаже.
Ваквиот развој на настаните му овозможи на Данилов да
стигне до својата прва победа на кружни патеки, додека Ѓорѓевиќ следствено го
освои второто место.
Јанакиевски кој веќе имаше извозено повеќе од 75% од
предвидените 18 кругови иако се откажа сепак, имаше пласман и го освои третото
место во класата.
Од клубовите најдобри беа членовите на АКК Автоклиника
спорт и освоија повеќе клубски бодови од АК Пауер Спорт и АКК Скопје. Исто како
и на претходната трка коорганизатори на настанот беа АКК Сити, АКК Метрополис и
АКК Проспорт.
Резултати: Кичево 3 - 2008
Класа I до 1.150
сс Група А
1
Александар Тодоровски Zastava Yugo 22:34,973
2 Виктор Давидовски Zastava Yugo + 3,934
3 Бранко Кипровски Zastava Yugo + 25,027
Најбрз круг: Александар Тодоровски 1:14,599
Класа II
до 1.400 cc Група N
1 Игор Стефановски Peugeot 106 Rallye 21:57,458
2 Владимир Тренески Peugeot 106 Rallye + 26,390
3 Игор Богатиновски Peugeot 106 Rallye + 1:00,584
Најбрз круг: Игор Стефановски 1:12,973
Класа III
до 1.600 cc Група Е1
1 Благоја Димитровски VW Golf 21:48,114
2 Ванчо
Мижовски Zastava
Yugo + 13,254
3 Орхан Ахмет
Zastava Yugo + 3
круга
Најбрз круг: Никола Порданов 1:10,078
Класа IV
до 2.000 cc Група Е1
1 Владимир
Димушевски Alfa
Romeo 156 21:41,205
2 Дејан
Георгиевски Opel
Astra + 38,029
3 Спирко
Петрушевски VW
Golf + 1 круг
Најбрз круг: Владимир Димушевски 1:10,533
Класа V
до 2.000 cc Група N + SP
1 Блаже Јанакиевски Honda Civic Type R 21:47,965
2 Ѓорѓи Данаилов Honda Civic Type R + 0,734
3 Тодор Исаиловски Renault Megane + 3 круга
Најбрз круг: Блаже Јанакиевски 1:10,640
Генерален пласман
Класа I до 1.150
сс Група А
1
Виктор Давидовски 26
2 Александар Тодоровски 24
3 Горан Јачев 15
Класа II до 1.400 cc Група N
1 Игор Стефановски 30
2 Игор Богатиновски 22
3 Марио Велковски 14
Класа III до 1.600
сс Група Е1
1 Никола Порданов 18
2 Благоја Димитровски 18
3 Орхан Ахмет 11
Класа IV до 2.000
сс Група Е1
1 Владимир Димушевски 20
2 Дејан Георгиевски 14
3 Тони Велевски 8
Класа V до 2.000 cc Група N + SP
1 Блаже
Јанакиевски 26
2 Ѓорѓи Данаилов 26
3 Александар Ѓорѓевиќ 14
|