Get Adobe Flash player
Кичево: Втора трка на кружни патеки
03.07.2008
trka-kicevo-2-danailov-1.jpgПо сончево и топло време викендов на автодромот во Кичево се одржа втората трка од Шампинатот на Македонија во автомобилизам на кружни патеки за сезоната 2008.

Саботните тренинзи се возеа во три дивизии, а поради ненастапувањето на неколку возачи на денешната трка се возеше во две дивизии по 18 кругови.

Во првата дивизија беа сместени возилата од Класа I, популарните југовци. Победата отиде во рацете на Игор Стефановски. Иако стартуваше од третата позиција Стефановски успеа веќе во првиот круг да го мине Александар Тодоровски, а во вториот изби на чело пред победникот од минатата трка, Виктор Давидовски.

Давидовски успеа во средина на трката да се врати на првото место, но само за кратко. Стефановски повторно го престигна својот ривал и до крајот на трката водеше со минимална предност која по 18 извозени круга изнесуваше 0,639 секунди.

Тодоровски пак мораше да се задоволи со третото место. Голема борба се водеше за четвртата позиција. Дури тројца возачи атакуваа на неа, а најуспешен беше минатогодишниот шампион Влатко Наковски кој успеа да ги одбие нападите од Горан Јачев и Никола Попевски. На крајот од трката разликата меѓу тројцата натпреварувачи беше помала од 2 секунди.

На оваа трка први бодови во кариерата освои дебитантот Горан Андреевски, додека последниот бод отиде кај Јован Цветковски. Трката не ја заврши Југослав Милошевски.

Првата трка не беше се што ни покажа Игор Стефановски. Тој настапи и во Класа II, и стана прв македонски возач што триумфирал на еден тркачки викенд во две класи. За разлика од првата трка која мина со жестока борба, трката од оваа класа мина со убедлива победа на Стефановски кој го совои првото место пред Марио Велковски и Игор Богатиновски.

Четвртиот натпреварувач во оваа класа, Александар Георгиевски не успеа да ја заврши трката, откако се откажа во 11. круг.

Во Класа V најбрз на тренингот беше Јанакиевски и очекувано ја поведе трката во која се до 16. круг беше во водство пред Ѓорѓи Данилов и Александар Ѓорѓевиќ. Меѓутоа, поради дупната гума мораше да се откаже дозволувајќи му на Данилов да стигне до својата прва победа на кружни патеки. Ѓорѓевиќ беше втор, а Јанакиевски бидејќи имаше извозено повеќе од 75% од предвидените кругови се пласира на третото место.

Класите III, IV и VI не се бодуваа, поради недоволен број на возачи, а на трката настапи само Сашо Андреевски од Класа VI.

Во пласманот на клубови најдобри беа членовите на АК Пауер Спорт, пред АКК Скопје и АКК Макпетрол, а коорганизатори на трката беа АКК Сити, АКК Метрополис и АКК Проспорт.

Следната кружена трка се вози на 24 август на патеката во Кичево, додека на 13 јули во Крушево ќе се одржи третата трка од шампионатот на ридски патеки, насловен како „Меморијал на Тоше Проески„.

Резултати: Кичево 2 - 2008

Класа I до 1.150 сс Група А
1
Игор Стефановски Zastava Yugo 22:35,484
2 Виктор Давидовски Zastava Yugo +0,639
3 Александар Тодоровски Zastava Yugo + 15,031
Најбрз круг: Игор Стефановски 1:14,492

Класа II до 1.400 cc Група N
1 Игор Стефановски Peugeot 106 Rallye 21:59,593
2 Марио Велковски Peugeot 106 Rallye + 37,412
3 Игор Богатиновски Peugeot 106 Rallye + 1:11,220
Најбрз круг: Игор Стефановски 1:12,124

Класа V до 2.000 cc Група N + SP
1 Ѓорѓи Данилов Honda Civic type R 21:56,943
2 Александар Ѓорѓевиќ Renault Clio + 16,563
3 Блаже Јанакиевски Honda Civic type R + 3 круга
Најбрз круг: Блаже Јанакиевски 1:10,741

Генерален пласман

Класа I до 1.150 сс Група А
1
Виктор Давидовски 18
2 Александар Тодоровски 14
3 Игор Стефановски 10

Класа II до 1.400 cc Група N
1 Игор Стефановски 20
2 Игор Богатиновски 14
3 Марио Велковски 14

Класа III до 1.600 сс Група Е1
1 Никола Порданов 10
2 Благоја Димитровски 8
3 Орхан Ахмет 6

Класа IV до 2.000 сс Група Е1
1 Владимир Димушевски 10
2 Тони Велевски 8
3 Дејан Георгиевски 6

Класа V до 2.000 cc Група N + SP

1 Ѓорѓи Данаилов 18
2 Блаже Јанакиевски 16
3 Александар Ѓорѓевиќ 14

 

 

 

Facebook