Оваа чудна креација која е многу слична со
неприкосновениот победник на Дакар, Mitsubishi
Pajero, всушност е McRae Enduro. Дело на помалиот брат на Колин,
Алистер и неговиот татко Џим.
Enduro е пустински тркач конструиран да ја пополни празнината
меѓу врвните болиди на Дакар од класата Т1 и вообичаените теренци како што е на
пример Toyota Land Cruiser.
Воедно е предвиден да биде основа за формирање на нова серија Enduro, каде
неговите браќа ќе се натпреваруваат меѓу себе во склоп на Дакар.
За да биде евтин Enduro користи
многу компоненти од сериски автомобили.
Моќта доаѓа од 2.7 литарскиот битурбо V6 дизел, што
го користат Land Rover Discovery, Peugeot
407 и Citroén C6, а развива 237 КС и вртежен момент од
472 Nm. Менувачот е од ZF со шест степени и е среќно оженет со постојан погон на
четири тркала.
Шасијата е просторна цевкаста рамка која ги задоволува
регулативите за безбедност на FIA.
Со тежина од 1.650 килограми Enduro треба да е
брз. Плус советите од фамилијата на Мекре за време на настаните ќе им помогнат
на купувачите во нивната потрага по слава.
Цената на McRae Enduro би требало да биде
под 150.000 евра. Првите автомобили ќе бидат на располагање пред пред крај на
годинава.
 
|