Шампионот на шампионите, Матијас Екстром ја одбрани
титулата во финалето против Михаел Шумахер на годинешната Трка на шампиони која за првпат се одржа на стадионот Вембли
во Лондон.
И сестраниот возач Екстром кој покрај патеките бележи
успеси и на рели во финалето се сретна со шампионот во „тешка категорија”
Михаел Шумахер, каде и двајцата освоија по една победа.
Бидејќи за победа се потребни две добиени рунди, Екстром
и Шумахер се сретнаа во третата и последна рунда во која Швеѓанецот го победи
седумкратниот шампион во Формула 1 со многу мала разлика и така ја одбрани
титулата.
Во последната рунда Шумахер мораше да вози со 110
проценти за да го стигне Екстром, но на неколку метри пред целта загуби
контрола и го изврте автомобилот збогувајќи се со можната победа.
„Ова е навистина возбудливо,” коментираше Шумахер. „По
вторпат ушествувам на Трката на шампиони и по вторпат ми причинува големо
задоволство. Признавам дека не сум толку добар со Solution F (туринг
автомобил базиран на Opel Astra GTC), има нешто во мене што морам да ги
гледам тркалата кога се тркам. Не сум добар кога не ги гледам, во минатото имав
лоши резултати во трка со автомобили. Со болидите е друга приказна.”
За Екстром ова е втора победа едно по друго на
престижната трка. „Имав лош старт,” признава Екстром. „Но, на крај завршив
супер. На крајот од краишатата секој сака да победи на Трката на шампиони. Да
се вози тука пред илјадинците фанови и да се почувствува навивачката енергија е
нешто во кое уживам секојпат.”
Меѓу останатите возачи што семаа учество во Трката на
шампиони вреди да се споменат Хеики Ковалаинен, младата германска надеж
Себастијан Ветел, светскиот шампион во WTCC Енди Приалу,
Џенсон Батон...
 
|