|
19.07.2007 |
Веднаш по најавата дека Формула 1 го напушта
Индијанаполис на директорот на патеката Џои Читвуд не му требаше ниту еден ден
за да најде достојна замена.
Во 2008 на Индијанаполис ќе се вози Moto
GP. Брза замена нема што. Воедно индикатор дека преговорите со носителот на
правата за Moto GP веќе биле во поодмината фаза
пред да пукне тиквата со Берни Еклстоун.
Со трката во Индијанаполис календарот за 2008 на Moto
GP се зголемува на 18 настани, а Инди
ќе се вози на 14 септември.
Обликот на патеката ќе биде изменет за да ги задоволи
параметрите потребни за трка со мотоцикли. Новиот облик на патеката ќе има
дополнителни четири свијоци во делот каде се наоѓа елипсата со што бројот на
свијоци ќе се зголеми на 16.
Идната година ќе биде прв пат по 1909 или две години пред
претставувањето на Индијанаполис 500, мотоцикли да се натпреваруваат на оваа
патека.
|