Get Adobe Flash player
Награда на Град Скопје – Орман
10.05.2010

Под покровителство на Мотоциклистичката федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Вардар од Скопје на 9. мај се одржa втората трка Награда на Град Скопје во Орман.

hristijan-ilioski-orman-2010-1

Трката која се одржа на крос патеката во Орман во близина на Скопје е дел од Шампионатот на Македонија во мотокрос за годинешната сезона кој е распишан во 3 класи: МХ85, МХ1 и МХ2.

Во најмалата класа МХ85 единствено се појава трикратната шампионка Фетије Елези од МК Вардар и стигна прва на целта. Во МХ2 класата видовме интересна трка на Христијан Илиоски од МК Пелистер поради дупнатата гума.

Сепак и покрај пехот Илиоски не дозволи изненадување и победи пред Драган Ванов од МК Мото Велес и тимскиот другар Никола Гулевски исто така од МК Пелистер.

Во најсилната МХ1 класа во отсуство на повредениот Гоце Томовски, најбрз беше Томислав Ѓорѓиевски од МК Гого за кого ова е прв триумф во Шампионатот на Македонија.

Во првата трка поради проблеми со моторот дури во последниот круг Ѓорѓиевски изби на првото место пред минатогодишниот шампион Дарко Дејановски од МК Бутел, додека во второто возење беше неприкосновен. Во оваа класа на третото место се пласира ветеранот Арун Меховиќ од МК Вардар.

Повеќеилјадната публика имаше можност да види борба и во класата МХ3 каде најдобро се снајде Ивица Милошевиќ од МК Мотори, победувајќи пред Сашко Ванов од МК Мото Велес и Миодраг Станковиќ од МК Мотостарс.

Меѓународен карактер на трката и дадоа гостите од Србија, а на крајот најдобри беа Бранко Антиќ од МК Копаоник убедливо победувајќи пред браќата Јован Поповиќ и Марко Поповиќ од МК Жупа.

Следниот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за 2010 година е закажан за 23. мај на патеката Братиндол крај Битола.

 

 

 

Facebook