Викеднов на Водно се отвора македонскиот шампионат во
автомобилизам. Водно 2008 - Награда на Град Скопје е прва трка од годинешниот
шампионат на ридски патеки.
И втора од шампионатот на FIA на ридски
патеки или FIA IHCC International Hill Climb Chalenge. Воедно
трката се бодува и за шампионатот на ЦЕЗ Централно Европска Зона, а она што
одушевува е што годинава учесниците пристигнуваат од уште поголем број на
држави од Европа.
На старт се очекува
да се појават околу осумдесетина автомобили. Mеѓу натпреварувачите се
наоѓаат и носителот на рекордот на патеката Фрањо Кунчер кој минатата година до
целта стигна за 1:51:50 со својата Formula Coloni SN 01, а тука е
и минатогодишниот европски шампион на ридски патеки Словакот Петер Јурења кој
на Водно ќе се качува со својот Mitsubishi Lancer Evo IX група N.
Кунчер потенцира дека годинава доаѓа многу поспремен и
дека неговиот болид е технички одлично подготвен и очекува дека ќе го собори
сопствениот рекорд и ќе постави нов. Односно како што вели тој „Подготвен
сум да симнам уште неколку секунди”. Воедно Кунчер смета дека и покрај што на
патакета ќе вози европскиот шампион неговиот автомобил со погон на четири тркала не е соодветната алатка
за атак на рекордот на Водно.
Сепак, во трка ништо не се знае додека не се мине целта.
Па така ни останува да ја гледаме и да видиме што ќе се случи.
Куриозитет на Водно годинава е доаѓањето на легендарниот
шампион од СФРЈ, Дагмар Шустер на кого веруваме се сеќава повозрасната
генерација. Но, за да ја смириме возбудата можеме само да кажеме дека Шустер
нема да се трка на Водно, како што тоа многупати го правел во минатото, тој е
тука во улога на набљудувач и е делегат на FIA.
Стартот на тренингот во сабота е од 11 часот, а за во исто
време е закажан и стартот на неделната трка.
Единствено што можеме да посакаме е во следните два дена да не
послужи убавото време и да дадеме една препорака за љубителите на
автомобилизмот, но и за љубителите на природата, викендов посетете го Водно.
|