|
26.04.2007 |
Чудо невидено. NASCAR има изградено имиџ
како серија која е цврсто врзана за САД. Поточно нејзината популaрност е
најголема на југот, каде се наоѓаат најславните тркачки патеки.
Од сега тоа треба да се смени. Одговорните за серијата се
трудат да го поправат имиџот на јужњаци и одлучија дел од трките да ги преместат
на север: Мичиген, Охајо, Илиноис, Вискосин... Освојувањето на
јенките оди релативно лесно, но, NASCAR сака да излезе од границите
на САД и затоа годинава ќе се возат трки во Монтреал и во Мексико.
Ова не е доволно за интернационална афирмација на
серијата. Организаторите на NASCAR одлучија да се свртат на другиот крај
од светот и отпатуваа во Кина. Со цел да допрат до потенцијално најголемата
публика на светот.
За да не ги разочараат тврдокорните јужњаци во NASCAR
ветуваат дека во Кина нема да се вози некој славен куп каков што е на пример
Nextel, туку планираат тоа да биде една обична трка.
Последен пат NASCAR возеше на
Далечниот Исток во 1998 година. Тоа беа три промотивни трки на патеки низ
Јапонија.
|