Get Adobe Flash player
Peugeot 908: Прва трка, прва победа
17.04.2007
90831Прв тркачки викенд за новиот Peugeot 908 HDi FAP и совршен старт. Целосна доминација на патеката. Двата автомобили беа најдобри на квалификации, а во трка завршија прв и трет.

Peugeot докажа дека Audi не е едиснтвениот производител што може да победи на трка на издржливост со дизел. Peugeot 908 HDi FAP со број 7 возен од Николас Минасијан и Марк Хене извојуваше фантастична победа, на трката 1.000 километри Монца, на своето деби во Серијата Леман. Нивниот успех го надополни екипажот на вториот автомобил на Peugeot со број 8, Стефан Саразин и Педро Лами.

Развојот на програмата за серијата Леман почна од бел лист хартија пред точно 16 месеци. А достигнувањето е кулминација на напорната работа на комплетниот тим на Peugeot Total. 

90811Победничкиот автомобил се сретна само со два проблема за време на трката. Лошо затворена врата по првото полнење гориво и лажна узбуна од сијаличката за притисок на масло. Вториот автомобил имаше проблеми со менувачот. По кратка интервенција во бокс продолжи и заврши трет.

Автомобилите на Peugeot ги раздели еден Pescarolo Judd од истата класа возен од Жан-Кристоф Булион.

 

 

 

Facebook