|
13.06.2007 |
Manthey RSR ги победи и конкуренцијата и времето.
Manthey Motors доминираа на патеката во Нирбургринг во текот на
напорните 24 часа и го повторија минатогодишниот успех.
Победничкиот автомобил Porsche 997 GT3
RSR возен од Тимо Бернард, Марк Либ, Роман Дума и Марсел Тиман се бореше со
лошото време во освојување на полпозицијата за 8 мин. 39,560 секунди.
Стартот беше одложен пореди епски грмотевици и густа
магла која се спушти над патеката во раните утрински часови во недела. Трката
сепак заврши во 5 часот попладне истиот ден.
Aston Martin DBRS9 од Phoenix
Racing беше брз во текот на целиот тркачки викенд. Дури и ја освои полпозицијата
во првата квалификациска сесија, но подоцна ја изгуби од Porsche.
На крај се повлече од трка од четвртата позиција во недела наутро поради
проблеми со моторот.
Viper GTS-R од Zakspeed заврши
втор, а Porsche 996 GT3 RSR од Land
Motorsport го освои третото место во трката исполнета со
возбудувања.
Volkswagen Golf GTI со возачката
постава Рене Раст, Џими Јохансен, Флориан Грубер и Дитер Депинг го освои осмото
место на исцрпувачката трка, додека вториот автомобил од VW заврши на
142 место.
|