Get Adobe Flash player
Роси брилиираше дома
04.06.2007
rosi-faceВалентино Роси не потсети сите дека е најдобриот мотоциклист на планетата со неверојатната победа пред домашната публика на патеката во Мугело за трката за Големата награда на Италија.

Роси падна на стартот неколку места, но полека се проби на чело со цела серија хирушки прецизни престигнувања.

Тоа беше одушевувачки приказ на немилосрдно возење доволно за да ги збудали членовите на неговиот фан клуб во Мугело.

Квалификациската сесија измешана со суви и мокри периоди во која Кејси Стоунер ја освои полпозицијата, а победникот од Леман, Крис Вермјуелен ја освои втората стартна позиција. Роси стартуваше трет.

Во првите неколку круга по стартот, тимскиот другар на Вермјуелен, Џон Хопкинс и возачите на Honda, Марко Меландри и Даниел Педроса и приватникот со Ducati, Алекс Барос формираа седумка која се бореше за лидерска позиција.

Сепак, по лошиот старт Роси почна со елиминација на своите ривали. Педроса пружи најголем отпор, но истрајноста на Роси на крај вроди плод и тој се закити со победа.

Лидерот во шампионатот Кејси Стоунер и тимскиот другар Лорис Капироси се бореа за да му донесат на Ducati победа дома, но и двајцата избледеа пред крај.

Никој не очекуваше дека мотоциклот на Роси ќе победи на патека која фаворизира брзина што годинава е предност на Ducati, но повторно Роси го изведе невозможното.

rosilezirosi-back

 

 

 

Facebook