Get Adobe Flash player
Seat се загризува и во Сноуборд
10.10.2008
seat-open-freestyle-1.jpgПочнува новата сезона на Seat Open шампионат во Freestyle каде шпанската марка ги засилува активностите околу поддршката на еден од најважните настани на Пиринеите.

Забавен, динамичен и возбудлив сноубордот ги истакнува вредностите на Seat. Ова е втора година по ред каде Seat е главен спонзор на Open Freestyle, еден од најзначајните зимски спортски натпревари, со најголем број на учесници и кој секоја година ги привлекува најуспешните сноубордери од интернационалната сцена.

По минатогодишното величествено искуство Seat уште еднаш подржува дисциплина со која се идентификува комплетно и која ги истакнува карактеристиките на марката, дизајн, спортски дух и динамиката присутна кај сите модели.

Новитет за оваа сезона е што некои од натпреварите на Seat Open Freestyle ќе обезбедуваат поени за FIS Интернационалниот календар на ски федерацијата. Ова се одлични вести кои доаѓаат како резултат на напорната и успешна работа на организацијата за време на првите две изданија на купот.

Настанот ќе биде составен од професионалци во категорија на мажи и жени, аматерска и јуниорска категорија во сноуборд и слободни дисциплини.

Дополнително, како и претходните години, неколку возилата на Seat, како Leon TDI кој вози во WTCC и оние од Еврокупот и Суперкупот на Seat ќе бидат позиционирани на стратешки позиции каде што ќе се изведуваат најсмелите акробации и скокови.

Првата трка на Seat Open Freestyle е закажана за 11-12 Октомври на фестивалот на екстремни спортови во Барцелона што ќе се одржи во градскиот Форум Парк.

Сезоната ќе ја отворат професионалци, најдобрите сноубордери и фристајлери како што членовите се на Rossignol интернационалниот тим, швајцарците Алекс Евекос, французите Бринил и Томас Герин како и шпанците Хавиер Силва, Алекс Мартин, Пепе Балмес, Дани Састре, Рок Сакриста, Тото и Габриел Беси од Франција.

Фристајл специјалистите ги вклучуваат познатите сноубордери: Пако Бенгерел, Хави Бега, Хозеф Мало, Густаво Бастељерос и Луис Гоњи како и членовите на Ски федерација на Андора Ноа, Хоел Албадалехо и Скоти Џордан.

Одличната посетеност и циркулација на натпреварувачи сигурно ќе улсови постигнување голем успех на Seat Open Freestyle.

Распоред на натпреварите за Seat Open Freestyle 2009

11-12 Октомври 2008 Фестивал на екстремни спортови Барцелона
17-18
Јануари 2009 Грандвалира Андора
14-15
Февруари 2009 Гран-Паљарс Љеида
7-8
Март 2009 Бои Таул Љеида
21-22 M
арт 2009 Ваљнорд Андора


 

 

 

Facebook