|
07.05.2007 |
Седумкратниот светски шампион Михел Шумахер е
осумнаесетиот човек од посадата на јахтата на тимот Emirates Team
New Zealand, кој се натпреварува во престижниот Куп на Луј Витон.
Осумнаесетиот човек како што го нарекуваат Шуми на јахтата
е дел од екипажот кој не придонесува во трката и неговата позиција за време на
настанот е зад кормиларот.
Оваа регата е дел од Рундата Robin 2 за Купот на Луј
Витон. Победникот од овие дуели ќе се натпреварува директно против тимот од
Швајцарија Alinghi во борбата за годинешниот America’s Cup кој се
одржува во Валенсија.
Шумахер кој се повлече од Формула 1 на крај од минатата
сезона конечно ќе се појави на една трка. Поточно ќе присуствува на трката за
Големата награда на Шпанија во Барцелона.
|