|
24.04.2007 |
Седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер по неколку
месеци одмор првпат се појави во јавност на конференцијата на Обединетите нации
за безбедност во сообраќајот.
Шумахер ја предводеше делагацијата на FIA и во
нејзино име и во име на заедницата на Формула 1, зборуваше на отворањето на
интернационалната кампања на ОН за безбедност и потпиша петицијата за
побезбедена иднина на нашите деца.
Секоја година околу 1,2 милиони луѓе умираат на
патиштата, а 40 проценти од нив се млади луќе на возраст под 25 години. Оваа
бројка се изедначува со бројот на жртви од некои од најопасните болести на
планетата, но малку е направено на интернационално ниво за подобрување на
сегашната состојба.
Германската легенда која призна дека ужива во
пензионирањето, истакна дека давањето поддршка на една ваква глобална кампања
за безбедност во сообраќајот му дава ново значение на неговиот живот по
повлекувањето од Формула 1.
Според него законодавците треба да се угледаат на
мотоспортот кој секогаш се фокусира на безбедноста и да ги применат истите
принципи во јавниот сообраќај. „Во својата тркачка кариера преживеав неколку
големи судари при висока брзина,” изјави Шуми. „И жив сум благодарение на
сторгите правила на FIA за конструирање на систем каде безбедноста на возачот е
примарна.”
|