|
Кејси Стонер ја забележа својата втора победа во сезоната за време на ГН на Франција. Триумфот на Стонер дојде откако Симончели беше казнет поради инцидентот со Дани Педроса, а…

Валентино Роси го освои својот прв подиум со Ducati.
Стонер немаше најдобар старт во трката, бидејќи по првиот свиок се најде на третата позиција, веднаш зад дуото на Honda - Дани Педроса и Андреа Довициозо.
На Стонер му беа потребни само два и пол круга за да се искачи на првата позиција. Неговата доминација беше презентирана на сите сесии овој викенд.
Педроса се најде зад Стонер, но таму не се задржа долго бидејќи ја изгуби битката со Симончели - кој пак успеа да направи солидна предност пред Довициозо и Лоренцо.
Во кругот 17, Симончели и Педроса неколку пати ги менуваа своите позиции, а при обидот Симончели да го престигне Педроса, се појави мал контакт кој резултираше со излетување на Педроса. За него трката беше завршена.
Додека Педроса одеше кон боксот со болки во клучната коска, на Симончели му беше доделена казна - минување низ боксот.
Тоа значеше спектакуларна битка помеѓу Лоренцо, Довициозо и Роси за втората позиција. Лоренцо го изгуби чекорот со останатите кога три круга до крајот за кратко излета од патеката. Роси ја имаше својата шанса за втората позиција, но на последниот свиок од претпоследниот круг тој направи грешка, па така му овозможи на тимот на Honda 1-2 финиш.
Зад Роси се најде Лоренцо, а потоа следуваат Симончели, Хејден и Спиз.
И двата моторцикли на Tech 3 Yamaha и Bramac Ducati имаа инциденти, а од нив само Колин Едвардс успеа да се врати на патеката и да заврши како 13ти.
Резултати од ГН на Франција:
Превземено од: pitstop.com.mk!
|