Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Стоунер е се поблиску до титулата
04.09.2007
stoner-motocycleАвстралијецот во Мисано ги збриша противниците во еден налет и победи на патеката во Мисано на трката за Големата награда на Италија нижејќи нов успех во Moto GP.

Ова победа воедно е прва за Ducati на домашен терен и му овозможи на Стоунер да се одлепи од најголемиот конкурент и второпласиран во генерален пласман Валентино Роси за грандиозни 85 поени.

Трката во Мисано беше како ноќна мора за Роси кој и покрај втората стартна позиција не заврши поради проблеми со моторот. На ова патека Роси за првпат го користеше новиот мотор на Yamaha.

Поради ова инженерите одат на поправен испит.

Победата на Стоунер воедно означи крај на доминацијата на Роси на домашната патека и му овозможи да дојде на чекор од финиширање на шампионатот на следната трка во Португалија.

Во Мисано Стоунер во целост ја прикажа својата доминантна моќ во однос на ривалите. Водеше од старт до цел и не дозволи да биде загрозен ниту во еден момент. На крај заврши 5 секунди пред второпласираниот Крис Вермјуелен со Suzuki.

Роси и тимот на Yamaha мора да се помират дека годинава титулата е недостижна. Дури и нивните навивачи не треба да очекуваат да се случи чудо бидејќи нема. Оваа сезона е завршена за Yamaha.

Секако доколку не се случи некое чудо следниот викенд, во тој случај ќе бидеме принудени да ја избришеме претходниот пасус.

stoner

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook