Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Стоунер повторно на врвот
11.06.2007
stonerКејси Стоунер ја освои четвртата победа годинава на трката за Големата награда на Каталонија. Додека домашниот херој Даниел Педроса пред 110.000 публика заврши трет.

Младиот возач на Ducati го прикажа можеби најдоброто возење во кариерата борејќи се со Роси во една возбудлив дуел кој резултираше со победа на Стоунер за минорни 0,069 секунди пред Италијанецот.

Австралијанецот сега ја развлече предноста во генерален пласман на големи 14 поени.  

Четвртото месту му припадна на Џон Хопкинс со Suzuki, а петти беше Ренди де Пуние со Kawasaki. ГН на каталонија е единствена трка годинава на која на првите пет места се најдоа мотоцикли од пет различни производители.

Постариот тимски другар на Стоунер, Капироси конечно го разби малерот и од 17 стартна озиција успеа да заврши шести со што му помогна на Ducati да се зацврсти во шампионатот за конструктори.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook