Get Adobe Flash player
TDI повторно славеше во Леман
18.06.2007
audilemanAudi извојуваше победа во борбата на дизели. На поплавената патека во Леман, Френк Биела, Емануел Пиро и Марко Вернер го доведоа победничкиот R10 TDI до нов триумф.

Годинава 24 часовната трка во Леман заврши под safety car. Директорот на трката одлучи да ја прекине трката во текот на 50 минути додека возилата возеа позади safety car. Оваа одлука немаше последици врз исходот на трката бидејќи приоритет на сите тимови беше да завршат безбедно.

Тимот на Peugeot 908 број 8 претрпе голем страв кога меѓу инструментите светна црвеното светло предупредувајќи за можни проблеми со моторот. Автомобилот отиде во бокс и 22 минути пред да се развее чекираното знаме Себастијан Бурдаи излезе на патеката и успеа да ја заврши трката. Освојувајќи го второто место за тимот на Peugeot Total и тимските другари Стефан Сарацин и Педро Лами.

Прототипот на Peugeot заврши осум часа зад победникот, но може да се гордее со високата позиција на својата прва 24 часовна трка со дизел.

Pescarolo Sport од класата LM P2 со Колард, Дума и Булион трета година по ред се качи на победничкиот подиум освојувајќи го третото место.

Во класата LM GT1 победата му припадна на Aston Martin. Британската марка со помош на Prodrive во својот трет обид успеа да стигне до победа и ја прекина доминацијата на Corvette.

Годинава беше прекината и доминација на Ferrari во LM GT2. Porsche со автомобилот број 76 беше тој што триумфираше и го врати победничкиот пехар во Штутгард.

 

 

 

 

Facebook