Годинава Легендите на Леман, историска поддршка на 24
часовната трка во Леман, ќе се гордее со 61 автомобил наредени на стартот во
саботното утрото на 16 јуни.
За историската трка во Леман можеа да се пријават автомобили
кои се тркале од 1956 до 1968 година, потег што ја распламти фантазијата на
сопствениците на историски тркачи и возачи ширум Европа и пошироко.
Токму поради ваквиот потег на организаторот изборот на 61
од преку 100 пријавени автомобили бече исклучително тежок. Списокот го
пополнуваат вистински икони од една од најемотивните ери на трките на
издржливост и тешко е да се предвиди кој би можел прв да мине под чекираното
знаме.
„Но, не само најбрзите и најмоќните автомобили
привлекуваат внимание кај посетителите,” вели Данкан Вилтшир претседател на Motor
Racing Legends орaгнизација која е стожер на трката на легендите во
Леман. „Да ги земем за пример двата Aston Martin DB1 кои ќе се
борат во класа 2. Ова се оргиналните автомобили кој освоија 1-2 победа во Леман
во 1959 година и одушевени сме што можеме да најавиме дека шефот на Aston
Martin др. Улрих Бец ќе седи во кокпитот на победникот.”
Некои од потенцијалните победници на кои треба да се
обрати внимание е Ford GT40. Секогаш е неверојатно брз на 13,7 километарската
патека. Плус тука е Ferrari P3/4, што значи
дека повторно ќе гледаме битка Ford против Ferrari за
победа во Ла Сарти.
Меѓу постарите автомобили се наоѓаат Jaguar E-Type
Lightweight, Ferrari 330 LMB, AC Cobra, славниот Morgan Plus 4,
Austin Healey 3000 и TVR Grantura.
 
 
 
 
|