|
Мотоциклистичката федерација на Македонија МФМ ја организираше втората трка Гранпри Македонија од отворениот шампионат на Источна Европа во мотокрос која се одржа викендов на патеката Милци крај Гевгелија.

Бодрен од шестилјадната публика нашиот Гоце Томовски со одлично возење, посебно во втората трка, по голема борба на крајот го освои третото место во класата МХ1.
По лошиот старт Томовски успеа да ја заврши првата трка на четвртата позиција што воедно беше и добро школо за него. Затоа во втората трка одлично возеше и уште на стартот изби во водечките од дивизијата во која возеа класите МХ1 и МХ2.
Низ цела трка Томовски се наоѓаше близу до врвот и на крај стигна веднаш зад победникот од класата МХ1, Критикос од Грција. Со овој резултат, Томовски во генералниот пласман се проби на второто место во шампионатот зад Радуца од Романија.
Вториот наш преставник Мирче Ќорнаков во класата МХ1 во двете возење го освои седмото место и освои нови 28 бодови. Во класата МХ2 и МХ2 јуниор победи Колев од Бугарија.
Во останатите класи победија Томпа (Романија, МХ65), Иванов (Бугарија, МХ85), Керемидас (Грција, МХ3) и Кушев (Бугарија, МХ АТV).
Од делегатите на странските мотоциклистички федерации, организаторот МФМ доби одлични оценки. Следниот трет натпревар од отворениот шампионат на Источна Европа шампионат ќе се одржи во Кишињев, Молдавија на 17 и 18 април. Шампионатот на Македонија во мотокрос започнува со трката во Старо Негоричане - Забел на 25 април.
Мотоциклистичката федерација на Македонија МФМ ја организираше втората трка Гран При Македонија од отворениот шампионат на Источна Европа во мотокрос која се одржа викендов на патеката Милци крај Гевгелија.